18.9 C
Ohrid
Friday, July 1, 2022

Украина ги олесни онлајн свадбите за време на опсадата

НАЈЧИТАНО

Украинските власти ги поедноставија процедурите за брак за време на опсадата на Украина, дозволувајќи им на граѓаните да се регистрираат онлајн и да одржат видео конференција истиот ден, изјави украинската заменик министерка за правда Валерија Коломиец.

Таа нагласи дека „денешните околности значат дека во некои случаи луѓето не можат да чекаат“.

„Затоа регистрацијата и официјализирањето на бракот сега може да се заврши за еден ден. Тие што изразиле желба можат така да се венчаат“, вели Коломијец.

Украинците сега можат да регистрираат бракови во кој било цивилен регистар во области без конфликт, а браковите може да ги формализира полицијата или војската во отсуство на матичари, особено за жени и мажи на должност.

Споменатата група на луѓе може да поднесат барање до нивните команданти, со напомена дека сакаат да ја одржат церемонијата од далечина.

Партнерите можат да бидат оддалечени со милји и може да се венчаат преку апликацијата Zoom.

Во Украина беше прогласена опсадна состојба откако Русија на 24 февруари започна специјална воена операција во таа земја.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО