-0.1 C
Ohrid
Tuesday, January 31, 2023

Украдени се бакарни цевки во должина од 20 до 30 метри во модуларната болница, во кругот на Клиничка болница-Штип

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Украдени се бакарни цевки во должина од 20 до 30 метри во модуларната болница, во кругот на Клиничка болница-Штип. Кражбата се случила пред неколку денови за што потврдува и портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска. Кражбата во Полициската станица-Штип е пријавена на 25 ноември, кога вработен во болницата забележал дека вратата на модуларната болница е отворена, по што е констатирано дека крадци оперирале во неа и успеале да украдат бакарни цевки во должина од 20 до 30 метри.

Портпарлот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека според пријавата кражбата се случила меѓу 22.30 и 23.00 часот на 24 ноември. Увид извршиле полициски службеници и се работи на расчистување на кражбата.

По овој успешен обид на кражба на бакарни цевки, во март годинава имаше обид за кражба на бакарна цевка од боца за кислород во гас централата, што го снабдува инфективното одделение во Клиничка болница-Штип.

Тогаш крадецот се уплашил од шуштењето на воздухот, со што штетата не беше направена. Штипската модуларна болница е затворена и во неа не се хоспитализираат пациенти. Оваа зграда е одалечена од останатите згради на болницата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

ПСЖ подготвува изненадување за крајот на преодниот рок

Фудбалерот на Челзи, Хаким Зиех би можел да го напушти Стемфорд Бриџ во последниот ден од зимскиот преоден рок. „Л’Екип“ пренесува дека ПСЖ сака да...

Со што се соочуваат медицинските сестри на работа: Од пцуење до напад

Здравствените работници на работното место се соочуваат со различни ситуации, како што сведочат медицинските сестри од Сараево и Бјелина за N1. Тие кажаа со...

САД и официјално се збогуваат со короната, Бајден најави укинување на вонредната состојба

Американскиот претседател Џозеф Бајден го информираше Конгресот дека на 11 мај ќе ја прекине вонредната состојба во јавното здравство поради Ковид-19, додека повеќето земји...
spot_img
spot_img
spot_img