16 C
Ohrid
Tuesday, May 24, 2022

УЕФА ги заостри и ги прошири санкциите кон Русите

НАЈЧИТАНО

Европската фудбалска унија (УЕФА) воведе нови санкции за рускиот фудбал.

УЕФА во понеделникот потврди дека женската фудбалска репрезентација на Русија дефинитивно нема да може да настапи на Европското првенство кое летово се одржува во Англија.

Потврдено е и дека руските клубови следната сезона нема да можат да учествуваат во европските купови – Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига. Забраната се однесува и на машките и на женските клубови.

Дополнително, барањата поднесени од Русија за организација на Европското првенство во 2028 година и ЕП во 2032 година беа одбиени без дополнително разгледување.

Сите санкции беа воведени во врска со воените конфликти во Украина, а во однос на оние што УЕФА ги воведе на руските клубови и репрезентации во февруари, тие се само заострени или продолжени.

УЕФА дополнително соопшти дека женската репрезентација на Португалија, која беше поразена од Русија во баражот за пласман на ЕУРО 2022 година, летово ќе игра на Европското првенство во фудбал за жени.

Исто така, женската фудбалска репрезентација на Русија повеќе нема да може да учествува во квалификациите за СП 2023, а машката е исфрлена од Лигата на нации за сезоната 2022/23. Русите автоматски ќе се пласираат на последното, четврто место во групата 2 од дивизијата Б и по групната фаза ќе испаднат во дивизијата Ц.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО