1.8 C
Ohrid
Saturday, January 28, 2023

Уапсен поранешен шеф на ФБИ – добил пари од Дерипаска и со тоа ги прекршил американските санкции

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Поранешниот истакнат функционер на американското Федерално биро за истраги (ФБИ) Чарлс Мекгоничал е обвинет за кршење на американските санкции против Москва, бидејќи примал пари од рускиот олигарх Олег Дерипаска, соопшти обвинителството во Њујорк.

Мекгоничал, кој ја водеше контраразузнавачката единица на ФБИ во Њујорк до неговото пензионирање во 2018 година, беше уапсен во саботата, пренесува Ројтерс.

Според обвинението, Мекгоникал се согласил да започне истрага против тајкунот кој беше негов ривал во замена за исплати на Дерипаска, изложен на американски санкции од 2018 година.

Обвинителите рекоа дека Мекгоникал (54), исто така работел во име на Дерипаска во 2019 година во неуспешен обид да му бидат укинати санкциите.

Дерипаска е основач на руската компанија за алуминиум Русал.

Адвокатот на Мекгоникал не одговори на барањето на Ројтерс за коментар.

Поранешниот функционер на ФБИ се очекува да се појави пред федералниот суд на Менхетен подоцна денеска, по локално време, заедно со Сергеј Шестаков, поранешен советски дипломат, кој подоцна стана американски државјанин и исто така обвинет во случајот.

Дерипаска е на списокот од дваесетина руски олигарси и владини функционери кои беа санкционирани од Вашингтон како одговор на наводното руско мешање во американските избори во 2016 година.

Дерипаска и Кремљ негираа какво било мешање во изборите.

Ниту адвокатите на Дерипаска и Шестаков не одговорија на барањата на Ројтерс за коментар.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Близок соработник на Путин тврди дека исчезнатата јахта Ирина ВУ не е негова

Канцеларијата за односи со јавноста на Алишера Усманов во петокот извести дека Усманов не е сопственик на јахтата Ирина ВУ, која е под меѓународни...

Почина наградуваниот босански актер Саша Петровиќ, глумеше во „Луд, збунет, нормален“, „Аудиција“, „Ничија земја“…

Актерот Александар Саша Петровиќ почина на 62-годишна возраст, а режисерот Срѓан Вулетиќ ја соопшти тажната вест.На 62-годишна возраст почина актерот Александар Саша Петровиќ од...

Околу 2700 студенти ќе добијат покачување на стипендиите

Околу 2.700 студенти, корисници на стипендии од изминатите академски години, ќе добијат покачување на средствата, односно наместо досегашните 3.000 денари, овие студенти во иднина...
spot_img
spot_img
spot_img