8.9 C
Ohrid
Friday, December 9, 2022

Уапсен пејачот Дарко Лазиќ

НАЈЧИТАНО

Српскиот фолк пејач Дарко Лазиќ е приведен откако сообраќајната полиција открила низа прекршоци кога пресретнувач околу 16 часот го запрел на автопатот во Нов Белград, пишува српски „Курир“.

Тој со автомобилот марка „голф“ возел 117 км на час на место каде максималната дозволена брзина е 80 км на час, при што му биле направени тест за дрога и алкотест, кој покажал дека е позитивен на кокаин, додека во крвта имал 0,91 промил алкохол.

Пејачот Дарко Лазиќ во моментот е во Полициската станица Нов Белград каде што дава изјава. Се чека решение за притвор, кое треба да биде донесено по рочиштето.

Со натамошна контрола е утврдено дека на Лазиќ му е одземена возачката дозвола на 18 декември 2013 година.

ФОТО: Дамир Дервишагиќ / српски „Курир“

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО