2.9 C
Ohrid
Monday, January 30, 2023

Тупанчески ја коментира дипломата на синот на Џафери и уште 449 такви случаи

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Министерот за правда Никола Тупанчески денеска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со наводите дека синот на претседателот на Собранието, Талат Џафери положил правосуден испит пред да заврши факултет, истакна дека дефинитивно некој функционер го искористил дискреционото право, потенцирајќи дека доколку постојат случаи кои граничат со примената на законот, тогаш треба да реагираат надлежните институции.

– Доколку навистина постојат случаи коишто се граничат со примената на законот тогаш би требало да реагираат и другите институции. Целата состојба треба да се провери, како што дознав од медиумите, не се работи за еден случај, туку се работи за примена на дискреционо право на именуван функционер. Дефинитивно некој го искористил тоа дискреционо овластување и токму затоа од тие причини законот е изменет за да не постои никаква можност во иднина. Еве јас 10 месеци сум министер, не сум ни помислил да дадам некој предвремено да полага правосуден испит – истакна Тупанчески на денешното пуштање во употреба на дигиталната судница во затворот во Идризово.

Тој образложи дека станува збор за три законски акти од Законот за правосуден испит донесен во 2013 година. Министерот информираше дека измените и дополнувањата се направени во 2015 година, а во 2019 година е донесен нов Закон за правосуден испит.

– Она што мене ми се допаѓа, што сметам дека е во ред и дека е логично е што некој констатирал дека постојат прешироки дискрециони овластувања и реагирал да не се остави таква можност во иднина. Мислам дека членот 4 беше од новиот Закон за правосуден испит, кој експлицитно забранува да се полага правосуден испит пред да бидат исполнети условите, односно предвремено. Така што значи во членот 4, став 5 има експлицитна забрана дека во иднина не би можело да се повтори она што се случило претходно, да речеме пред седум години. Во таа насока некој пред мене констатирал дека има таков пропуст и тоа го коригирал, тоа е работа на место – нагласи Тупанчески.

Претседателот на Адвокатската комора, Љубомир Михајловски, за истиот случај,

– Не постои шанса, не постои можност некој индивидуално да решава дали некој може да полага, односно да се стекне со право да полага правосуден или не. Значи пропишано е строго со закон како се полага. По завршување на правен факултет мора да стажирате една година, па да стекнете право да полагате правосуден испит – наведе Михајловски

Меѓу прашањата поставени од новинарите беше и она за претседателката на Судскиот совет, која обвини за политички притисоци. Министерот Тупанчески ја повика Павлина Црвенковска, да го пријави до институциите, изјави денеска министерот за правда Никола Тупанчески, коментирајќи изјавата што таа ја даде поднесувањето оставка од функцијата за наводната хајка од страна на „судската-бизнис елита”.

– Црвенковска поднесе оставка, меѓутоа со нејзината оставка имаше коментар кој што не само мене, туку сите нас треба да не загрижи. Мојот коментар на нејзината изјава ќе биде – добро ќе биде ако навистина она што го тврди, тоа што беше дадено во официјална изјава, да го пријави до институциите, наведе Тупанчески при пуштањето на употреба на новата дигитална судница во Идризово.

Тој потсети дека уште кога дошол на функцијата нагласил дека оваа година ќе биде прилично турбулентна во однос на тоа што ќе се случува во правосудниот сектор.

– Кога велам турбулентна, мислам на изборот на различни нивоа, ова претставува изборна година во правосудството и можам слободно да кажам дека импликациите или она што се ќе се случува оваа година, ќе има консеквенции наредните четири години – наведе министерот за правда.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Павле Трајанов предлага да се формира македонско ФБИ

Криминалот ги разорува институциите и го кочи демократскиот развој на државата. Криминалот стана вредносна категорија, а не зло со кое мораме да се справиме....

Ѓоковиќ призна: Користи ново контроверзно правило за да победи во финалето

Откако минатата година беше дури и депортиран, Новак Ѓоковиќ се врати во Австралија и го освои својот 10-ти Австралија опен, со што се израмни...

Нови мерки: Како Netflix ќе ги спречи корисниците да ја споделат својата лозинка?

Првичните извештаи и испитувања во други земји сугерираат дека напорите за одвраќање на споделувањето лозинка ќе бидат релативно благи во почетната фаза, потпирајќи се...
spot_img
spot_img
spot_img