27.9 C
Ohrid
Tuesday, August 16, 2022

Трст се уште гори, патниот и железничкиот сообраќај е блокиран

НАЈЧИТАНО

Огнената битка продолжила во текот на ноќта во карстот во Трст и Горица – кај Меџиваса, Мошченице и Сабличе – пишува Приморски дневник. На теренот на пожарникарите им помагаат и неколку хеликоптери. Жителите на Тржич добија предупредување да не ги напуштаат своите домови, на некои места и патниот и железничкиот сообраќај е блокиран или оневозможен.

Противпожарните бригади од целиот регион Фриули-Венеција Џулија во соработка со словенечките колеги, шумарите и цивилната заштита се обидоа да го локализираат пожарот на Карстот. Недостигот на ветер им овозможи на пожарникарите да спасат куќи во Сабличе од пожарот, од каде евакуираа дваесетина жители, јавува италијанската новинска агенција Анса.Пожарникарите изутрината најавија дека бележат подобрување на состојбата, но пожарот се уште не е целосно ставен под контрола. Ноќта на помош на своите италијански колеги им дошле 15 словенечки пожарникари од теренот на Горишкиот карст. Веќе во вторник им помогнаа и припадниците на противпожарната единица Крашка.

Што се однесува до причината за пожарот, се чини дека најверојатно пожарот настанал од искри предизвикани од сопирањето на возот. Силниот ветер кој во тој момент дуваше над Карстот и сувата вегетација брзо ги запалија првите пламени, додава Анса.

Локалните власти во Тржич денеска ги предупредија жителите да не се движат на отворено, бидејќи воздухот е силно загаден поради чад. „Ако можете, не излегувајте од дома. Подобро е да не излегувате, ако е потребно носете маска. Не се занимавајте со спортски активности. Прозорците треба да се затворат“, напиша на Фејсбук градоначалничката на Тржич, Ана Марија Сисинт. Според Анса, недостатокот на ветер во текот на ноќта резултирал со екстремно високи нивоа на ПМ10 честички во воздухот.

Поради пожарите во Трст и Горишкиот карст, на места се затворени магистралните и повеќе регионални и локални патишта. Автопатот е затворен меѓу Мошченица и Вилеш, сообраќајот е пренасочен на клучката на автопатот кон Шешљан, а од автопатот во правец на Трст кон Тржич.

Патот до Дол е затворен, сообраќајот од Горица е пренасочен кон Вилеш. Овде во утринските часови веќе се формираа редови камиони. На отворените патни правци меѓу Шешљан и Тржич веќе се појавија првите гужви, пишува Приморски дневник. Железничкиот сообраќај, исто така, сè уште е во прекин.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО