14.3 C
Ohrid
Friday, October 7, 2022

Тројца млади автори ќе претстави фестивалот Танц фест Скопје во серијата Современи кореографски идентитети

НАЈЧИТАНО

Тројца млади автори ќе претстави фестивалот Танц фест Скопје во серијата Современи кореографски идентитети, вечерва во Џепното кино, во МКЦ, во 21 часот.

Премиерно ќе биде прикажан филмот 2020“ (Во потрага по оптимизам и други чудовишта) во режија на Дора Кокољ, кореографија на Дора Кокољ и Миа Штарк. Директор на фотографија е Марко Далич, монтажата е на Дора Кокољ, колор и корекција на Марко Далич,  музиката е на Лука Томан. Настапуваат Дора Кокољ и Миа Штарк, а илустрацијата е на Орла Бирд.

Следува „Vitro# на Филип Петковски, филм кој е инспириран од македонски ритуали и легенди кои ја опфаќаат природата. Vitro ги истражува живоста и трансформацијата како суштински аспекти кај движењето на човечкото тело и движењето во природата. Режијата и кореографијата се на Филип Петковски, а настапуваат Адријана Данчевска, Мими Поп Алексова, Дејан Битровски, Матеја Јанковска и Филип Петковски. Камерата и фотографијата се на Марко Марјановиќ, Теодор Ангеловски и Жарко Чулиќ, а монтажата на Кирил Манчевски. Користена е музика на Борис Харфман, Хрвоје Црниќ, Ерик Сати и Пјтор Илич Чајковски.

Третиот филм кој публиката ќе може да го проследи е „Home/the movie“ (последен пресек, консензусна реалност), во режија и кореографија на Адријана Данчевска, а визуелен уметник е Ивана Мојсовска. Камерата е на Марко Марјановиќ и Тео Ангеловски, музиката на Claude Debussy, Fierce, Wolfgang Amadeus Mozart, Виктор Филиповски, Бојан Филиповски. Пост продукцијата е на Адријана Данчевска, Тео Ангеловски, Ивана Мојсовска, а настапуваат Наталија Теодосиева, Дејан Битровски, Анастасија Данчевска, Сара Цветковска, Ивана Мојсовска, Адријана Данчевска, Филип Петковски, Стела Поповска, Рената Несторовска, Иван Ангелковски, Александра Велкова.

Дора Кокољ е алумни на Скопје танцовиот театар. Таа е танчерка, изведувач и кореограф со седиште во Загреб. Дипломира на Скопје танцовата академија, а магистрира педагогија и историја на уметност на Филозофскиот факултет во Загреб. За време на студиите Кокољ активно учествува во репертоарот на Скопје танцовиот театар во претставите Орландо“, Present FutureИмпулс“, „Хот“, „Во рајските полиња“, „Потрага“, „О(тело)“, „Живи на некое друго место“, „СМС (Сите мои слики)“. Со Скопје танцовиот театар гостува на фестивалите „ИТС“ во Амстердам, Холандија во 2103 година и „Средба во Пекинг“ во Пекинг, Кина во 2015 година. Дора Кокољ дебитира во рамки на Скопје танцовиот театар како кореограф со делото „22 степени“ во 2015 година. По 2015 година Кокољ кариерата ја продолжува во родниот Загреб. Од 2013 година, Кокољ учествува во бројни експериментални, танцови претстави и проекти преку соработка со различни танцови организации и групи, како „Shadow Casters“, „Liberdance Dance Ensemble“, „ekscena“, „Kontejner“, „Zagreb Dance Center“, „Pogon“, „Dance Company & M“, „Tigar Theatre“ и други независни автори од хрватската независна сцена, како Сташа Зуровац, Јудита Франковиќ Брдар, Лео Вукелиќ, Дејан Готиќ, Атила Антал, Ени Весовиќ, Томо Савиќ-Гецан, Миа Штарк. Воедно таа создава свои креации. Како изведувач, преку ко-авторска улога, учествува во проекти во кои ги доведува во прашање потребите и можностите на современата уметност во секојдневниот живот и присуството на секојдневните гестови во уметничките изрази, можностите за учество во отворени танцови и театарски форми, го истражува местото на хуморот во форми во кои хуморот одамна почнал да исчезнува. Во своите дела, Дора Кокољ сака да ги преиспитува содржината и структурните потенцијали на грешките. Преку игрови механизми, грешките и правењето грешки отвораат можности, предлагаат прашања и го критикуваат светот во кој живееме. Грешките се втопуваат во нихилистичките идеи за бесмисленоста, но водат кон оптимистичка разврска. Проектите како „The Errore Exchange“, „de.finity“, „Fake a Mistake“ и „2020“ се бават со оваа премиса на кореографката Кокољ, на свој изразен начин преку различни медиуми и поставки. Дора Кокољ е член на Хрватското здружение на слободни уметници.

Филип Петковски е кореограф, режисер и доктор на науки по културолошки студии и изведбени уметности. До 2020, Филип работи како асистент на Катедрата за светска уметност, култура и танц на УКЛА, како и на Катедрата за историја на уметност. Тој е добитник на неколку престижни стипендии и грантови како Moss Scholars Award, The Tambruritzans Grant in Aid и стипендија од Европската комисија. Низ годините, Филип се јавува како режисер на 9 театарски претстави режирани во Македонија, Норвешка и во САД, како и танцовиот филм Vitro“, премиерно прикажан на Танц Фест 2021. Тој е и автор на мултимедијалната изложба vitaкоја беше прикажана во неколку галерии низ Франција и на Photo Vogue фестивалот во Милано, организиран од Vogue ItaliaОсвен со изведбени уметности, Филип се бави и со научно-истражувачка дејност и е автор на десет научни трудови објавени во интернационални зборници каде што истражува теми поврзани со танц, културно наследство, идентитет и национализам. Како танчер, Филип ја започнува својата кариера во Насоката за традиционална музика и игра при ДМБУЦ Илија Николовски Луј, за подоцна да стане танчер-првенец во ансамблот Тамбурица во Питсбург, Пенсилванија. Со запишувањето на Мастер студиите по танцови студии во Норвешка, Филип почнува да работи како кореограф и танцов инструктор за бројни танцови групи низ Европа и САД. Неговите кореографии TrOp (2014) и Common Ground (2015) беа премиерно изведени во Сегед, Унгарија и во Лондон, Велика Британија, додека неговото последно кореографско дело „Популус премиерно ќе биде прикажано на Скопје Танц фест 2022. Како кореограф, Филип црпи инспирација од танцовото наследство на заедниците кои го населуваат Балканот, нивните култури, ритуали и секојдневни животи. Неговите кореографии истражуваат теми како колективното тело на заедницата, верувања поврзани со трансформации во природата и старословенски митови и ритуали.

Адријана Данчевска е дел од првата генерација млади кореографи на Скопје танцовиот театар, првата официјална компанија за современ танц во Македонија, предводена од Рисима Рисимкин. Од основањето на компанијата во 2011 година, таа е активно вклучена во целиот репертоар, каде работи како танчарка и кореограф. Во 2019 година Данчевска стана асистент на Катедрата за современ танц на Филмската академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Магистрира кореографија на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, ЕСРА, Скопје-Париз-Њујорк во 2019 година, каде што и дипломирала во 2014 година на Скопје Танцовата академија. Таа беше дел од наставниот тим на првиот летен танцов камп CЕEEC во Кина, 2015 година. Истата година работеше како танчерка во „Танец Праха“ со Јукио Сузуки (Јапонија) и „Балкански танцов проект вол. 1“ со Игор Киров (Македонија) и Александар Илиќ (Србија). Во 2016 година го создаде „Симбол“ изведен на „МОТ“ (Млад отворен театар) во Скопје, со нејзината колешка, танчерка и кореограф Александра Петрушевска. Данчевска беше поканета од Универзитетот за убави уметности во Цирих (ZHdK) во 2017 година да создаде оригинална кореографија за нив. Претставата „w r o n g“ премиерно беше прикажана во Цирих на 17.02.2017. Подоцна во 2017 година, „w r o n g“ доживеа и втора премиера во Македонскиот народен театар на Танц фест Скопје, преработена за Скопје танцовиот театар. Втората верзија со Скопје танцовиот театар беше изведена на фестивалот „Silk Road“ во Куанжоу, Кина и фестивалот „SHARE“ во БратиславаСловачкаВо 2018 година, како дел од програмата на Скопје танцовиот театар, „w r o n g“ беше изведена и на престижниот „Holland Dance Festival“. Подоцна во 2018, Данчевска ја создаде „D.O.L“ за Скопје танцовиот театар за официјалното отворање на 13-тото издание на интернационалниот фестивал Танц фест Скопје, во Македонскиот народен театар. Во 2019 година беше поканета од Академијата за танц во Ротердам/ Универзитетот CODARTS, да создаде кореографија за „Таленти во движење“. „Sketch“ беше изведена во Хаг, Холандија и во Скопје. Данчевска ја рекреираше истата кореографија за Скопје танцовиот театар, премиерно изведена на Танц фест Скопје истата година. „Дома/филмот(2020) е првиот македонски танцов филм во режија и кореографија на Адријана. Истата година ја создаде и претставата „Дома/перформансот“. Двете дела беа премиерно прикажани на Танц фест Скопје 2020 и двете продукции беа работени за време на пандемијата со ковид-19. Нејзиното последно дело е „Не допирај ми ги очите“, претстава која ја отсликува македонската политичка ситуација, премиерно прикажана на 01.06.2021 година на Танц фест Скопје.

Како танчерка настапувала на следните фестивали: Battery Dance Festival, New York, USA; Holland Dance Festival, The Hague, Netherlands; Maritime Silk Road Festival, Quanzhou, China; Meet in Beijing, Beijing, China; Tanec Praha, Prague, Czech Republic, ; ITS festival, Amsterdam, Netherlands; Masdanza, Canary Islands; Tanzmesse, Cologne. Germany; San Vicente, Croatia; Ankara Solo Festival, Turkey. Нејзиниот следен настап во странство е во „Theater National de la Danse Chaillot“ во Париз во март 2022 година. Данчевска како кореограф го создава уметничкиот израз работејќи низ екстремните емоционални состојби на поединецот. Нејзините кореографии се оценети како свежи и провокативни на македонската современа сцена.

Танц фест Скопје 2022 е поддржан од Министерство за култура, Град Скопје, Американската амбасада во Скопје, Францускиот институт од Париз и Скопје, Дом на Арм Скопје, Perform Europe, East is Best, Културанова. Покровители на Танц фест Скопје 2022 се Виталиа“ и Бовин“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО