More

    Трошоците бележат раст во јули за 16 проценти во однос на лани

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    - Advertisement -

    Трошоците на живот во јули во однос на јуни годинава во државава се зголемени за 1,9 проценти, а цените на мало за 2,5 проценти. Споредено со јули лани, трошоците на живот минатиот месец биле повисоки за 16 проценти, а цените на мало за 14 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

    Пораст на трошоците на животот во јули во однос на претходниот месец е забележан кај лебот и житата за 4,8 проценти, сирењето и урдата за 4,5 проценти, млекото за 3,6 проценти, свежото и разладеното овошје за 2,9 проценти, виното за 2,5 проценти, месото за 1,8 проценти. Кај шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, жестоките пијалаци порастот е за 1,1 процент, прехранбените производи неспоменати на друго место за еден процент, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0,4 проценти, а кај кафето, чајот и какаото за 0,2 проценти.

    Во јули, исто така, пораст на трошоците на животот е забележан и кај воздухопловниот патнички транспорт за 36,5 проценти, туристичките аранжмани за 11,3 отсто, електричната енергија за 9,9 проценти, поправката на апаратите за домаќинствата за 8,8 поценти, услугите за сместување за 5,9 отсто, поправката на аудио-визуелната, фотографската и информатичката опрема за 5 проценти, другите печатени материјали за 3,3 отсто, рестораните, кафулињата и слично за 3,1 порценти.

    Исто така, пораст има и кај моторциклите за 2,7 проценти, фризерските салони и центрите за разубавување за 2,6 отсто, електричните апарати за лична хигиена за 2,5 проценти, домашните услуги и услугите за домаќинствата за 2,4 проценти, велосипедите за 2,3 отсто, течните горива за домаќинствата, цврстите горива за 1,8 проценти, малите алатки и останатите додатоци за 1,6 отсто.

    Кај услугите за одржување и поправки на живеалиштето трошоците на живот се зголемени за 1,5 проценти, производите за домаќинставата-нетрајни, домашните миленици и сродните производи за 1,4 отсто, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот за 1,2 проценти, гасот за домаќинствата за 1,1 отсто, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства за еден процент, другите лични предмети за 0,8 проценти, големите електрични апарати за домаќинствата, услугите за култура за 0,7 отсто, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, малите електрични апарати за домаќинствата, другите услуги за опремата за сопствен превоз за 0,5 проценти, мебелот и покуќнината, одржувањето и поправките на сопствените превозни средства, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти, медиумите за снимање, канцелариските материјали и материјалите за цртање, накитот, часовниците и рачните часовници за 0.4 отсто, облеката, другата облека и додатоците за облека, патниот патнички транспорт, другите апарати и производи за лична хигиена за 0,3 проценти, поправките и изнајмувањето на обувките, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, парамедицинските услуги, другите услуги неспоменати на друго место за 0,2 отсто.

    Намалување на индексите на трошоците на животот во јули 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирите и другите коренести плодови за 6,4 проценти, рибата и морските плодови за 1,8 отсто и маслото и маснотиите за 1,6 проценти.

    Во јули, исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележан и кај актуелните ренти исплатени од станарите за 2,7 отсто, другите медицински производи за 1,7 проценти, другото образование за 1,1 отсто, моторните возила за 0,9 процент, теписите и другите подни покривки, горивата и мазивата за сопствените превозни средства, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0,8 отсто, фармацевтските производи, градините, растенијата и цвеќињата за 0,4 проценти.

    - Advertisement -spot_img
    - Advertisement -spot_img
    - Advertisement -spot_img

    Десетгодишно девојче денеска е спасено од под урнатини, 39 часа откако силни земјотреси ја погодија јужна Турција

    Десетгодишно девојче денеска е спасено од под урнатини, 39 часа откако силни земјотреси ја погодија јужна Турција, јави агенцијата Анадолија. Девојчето од сириско потекло било спасено од...

    Бројот на загинатите расте, борбата по преживеани не запира

    Бројот на загинати во земјотресот во Турција и Сирија вчера надмина 6.200 луѓе и се очекува да продолжи да расте, додека пристигнуваат спасувачки тимови и меѓународна...

    Прашања и одговори за крипто-средствата

    Прашања и одговори за крипто-средствата Што се крипто-средства? Како изгледаат крипто-средствата? Кои се разликите меѓу крипто-средствата и суверените валути (пари)? Дали централните банки издаваат дигитални валути? Каква е улогата...

    Moda

    Екстравагантни изгледи на познатите од црвениот тепих на Греми наградите

    Црвениот тепих на синоќешното 65. Греми награди секако не разочара. Најголемите музички имиња секогаш присуствуваат на најзвучната музичка вечер, а ни овогодинешната награда не...

    Неочекуван тренд на хеланки оваа зима кои можете да ги носите во секое време и секаде

    Да, хеланките со винил и кожен ефект се враќаат! На полето на хеланки, минатата година видовме (речиси) сè: особено хеланките со селотејп кај нозете повторно...

    Тоа е најтренди боја на фармерки што ќе ја носиме во летото 2023 година

    Сивите фармерки се дефинитивно крој во кој вреди да се инвестира ова лето. Широки сиви фармерки - тренд кој им ласка на сите типови на...
    spot_img
    spot_img
    spot_img