17.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Трофеите треба да бидат инспирација на младите

НАЈЧИТАНО

По повод 60 години од основањето на Боречкиот клуб Бучим од Радовиш и досега неповторените успеси кои овој клуб ги има постигнато за Македонија со освоените европски и светски клупски шампиони, градот и клубот им оддадоа  почит и благодарност на најзаслужните за успесите на борачите. Градот Радовиш има многу богатства, но БК Бучим е дијамантот кој сјае во изминативе 60 години.

– Се собравме денес во Радовиш да прославиме еден богат јубилеј, 60 години борење во Радовиш, во Македонија, но не само како бројка, туку со многу, многу врвни дела, успеси, освоени титули, трофеи, медали и на домашен и на меѓународен план. Тоа зборува дека Радовиш беше сплотен, живее со борењето и по овој спорт сите го препознаваат и затоа борачите, единствените европски и светски шампиони во Македонија, треба да бидат инспирација и мотивација за младите, за новите генерации повторно да се искачат на врвот. Денес сме тука не само да се потсетиме што бил и какви успеси постигнал БК Бучим, туку да направиме сè за да го вратиме сјајот и би сакал да дочекаме Радовиш уште еднаш да биде европски и светски шампион во борење. Имаме многу надежни млади генерации и затоа треба да се обедини целиот Радовиш и борачите и граѓаните и општината и градоначалникот, за да дочекаме повторно да бидеме европски и светски шампиони – рече Ванчо Чифлиганец.

Најмладиот олимписки шампион и најтрофеен борач во Македонија, Шабан Трстена порача:

-Имаме многу боречки клубови во државата, но ниту еден клуб во Македонија ги нема европската и светската титула, а архитектот на тие огромни успеси во борењето е токму проф. д-р Ванчо Чифлиганец, кој и тогаш и денес, живее за борењето и ги поддржува младите. Бидете горди и продолжете да освојувате титули.

Градоначалникот на Радовиш, Ацо Ристов ги повика младите борачи да го вратат дијамантскиот борачки сјај на Радовиш.

На прославата во Радовиш беше промовирана брошурата  „БК Бучим-Радовиш 1962-2022“, или 60 години борење во Радовиш-Македонија од авторот Славчо Тодоров.

Во неа се претставени најголемите успеси во борењето во Македонија,  за кои е најзаслужен БК Бучим со освоените европска шампионска титула во борење-слободен стил во 1995 година и светска клупска шампионска титула во борење-слободен стил во 1996 година. Македонскиот пласман на олимпијадите, од каде во 1984 година со злато се врати најмладиот олимписки шампион и воопшто најтрофеен борач на „Македонски бисер“, Шабан Трстена.

Денес во  Радовиш се одржува 46 Меѓународен турнир во борење  „Македонски бисер“, каде што борачи од повеќе земји ги одмеруваат силите.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО