16.2 C
Ohrid
Friday, August 12, 2022

Тринаесет затвореници се убиени, а двајца се повредени при бунт во еквадорскиот град Санто Доминго

НАЈЧИТАНО

Тринаесет затвореници се убиени, а двајца се повредени при бунт во еквадорскиот град Санто Доминго, соопштија властите.

До бунт дошло во затворот Белависта во Санто Доминго, 70 километри југозападно од главниот град на Еквадор, Кито.

Според властите, ситуацијата во затворот е под контрола.

При немири во истиот затвор, на 9 мај, 44 затвореници го изгубија животот. Владата тврди дека за немирите во затворите, одговорни се нарко-банди контролирани од картели.

Минатата година во Еквадор при немири во затворите, животот го изгубиле 316 лица. Во затворите во земјата има околу 33.900 затвореници, што е 12,5 отсто над максималниот капацитет, покажуваат официјални податоци.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО