24.7 C
Ohrid
Wednesday, May 25, 2022

Трет увид на ДИЖС по пожарот во „Треска“

НАЈЧИТАНО

Резервоарот за нафта во поранешната фабрика за мебел „Треска“, во која неодамна се случија два пожари едноподруго, е празен, констатирал Државниот инспекторат за животна средина. Во третиот инспекциски увид во последните денови, инспектори на ДИЖС и на Општината Центар го посетиле местото каде се наоѓа резервоарот за нафтени деривати и утврдиле дека е изграден согласно тогашните постоечки стандарди и прописи со бетонска танквана за зафаќање на течност во случај на неконтролирано истекување на деривати, пренесува Мета.мк.

„При визуелниот увид присуствуваше и стечајниот управник на „Треска мебел“, Радослав Кипровски кој информираше дека резервоарот е празен уште од времето кога е почната стечајна постапка во 2005 година односно кога немало веќе финансиски средства за набавка на деривати и практично не се користел“, информираат од ДИЖС.

Државниот инспекторат за техничка инспекција, на барање од општина Центар, идната недела ќе направи и вонреден инспекциски надзор за да се утврди точната состојба со резервоарот за нафтени деривати. За надзорот се направени консултации со инспектор на Дирекцијата за заштита и спасување, а ќе биде известено и МВР. Сопственикот на објектите добил и насоки да изготви писмо за намера за отстранување на постоечки објекти во поранешна фабрика „Треска“ и да го достави на мислење до МЖСПП.

фото: МИА

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО