17.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Третина од Американците предупредени да не излегуваат надвор поради топлото време

НАЈЧИТАНО

Властите во Соединетите Американски Држави апелираа до повеќе од 100 милиони Американци да не излегуваат надвор поради рекордните топлотни бранови, а експертите предупредуваат дека таквите температури може да станат вообичаени во услови на климатските промени.

Според Гардијан, од вчера, дури 107,5 милиони луѓе, што е повеќе од една третина од населението, се предупредени да останат внатре, бидејќи поголемиот дел од земјата е погодена од потенцијално смртоносна комбинација на екстремно високи температури и влажност.

Топлотниот бран ја зафати областа од бреговите на Мексиканскиот Залив на југ до Големите Езера на Блискиот Исток, објави Центарот за прогнози на Националната метеоролошка служба (NWS).

– Ова е ден кога не само луѓето кои се склони кон болести поврзани со топлина, туку буквално сите што излегуваат надвор долго време се изложени на ризик од болести поврзани со високи температури – изјави за Си-Ен-Ен метеорологот Мет Бичер.

Рекордно високи температури се измерени во САД, особено на југозапад, што ги поттикна градовите да најдат начини да се справат со, како што се вели, потенцијално смртоносна горештина.

Во Лас Вегас, Невада, температурите достигнаа 43 степени Целзиусови, што е еквивалент на рекордот од 1956. NWS предупреди дека температурите може да се зголемат.

Во Денвер, Колорадо, температурите надминаа 38 степени Целзиусови, што е еквивалентно на рекордот од 2013 година кога станува збор за највисоката температура и кога станува збор за најраниот ден кога живата во термометарот достигнала толку висока температура.

Во Феникс, Аризона, каде жителите се повеќе се соочуваат со огромни жештини, четири последователни денови температурите достигнуваа 43 степени Целзиусови. Во тој период ноќните температури не паднаа под 27 степени.

Имаше проблеми и во градовите на Средниот Запад, каде владините претставници се обидуваа да обезбедат начини за разладување за ранливите категории луѓе.

Во Чикаго, каде што три жени починаа за време на топлотниот бран минатиот месец, се отворија центри за разладување откако во вторникот температурите достигнаа 38 степени.

Градските власти соопштија дека 75 градски библиотеки ги отвориле вратите за граѓаните кои сакаат да се разладат поради загриженоста дека не може да се обезбеди соодветна заштита при опасните температури.

Во Минеаполис, најмалку 14 училишта без климатизација беа принудени да се префрлат на онлајн настава.

Научниците постојано предупредуваат дека периодичните интензивни топлотни бранови би можеле да станат вообичаени како што се продлабочува кризата со климатските промени.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО