17.9 C
Ohrid
Tuesday, October 4, 2022

Тренчeвска-ДиЏовани: Ќе работиме заедно на обуките за јакнење на капацитетите на социјалните работници

НАЈЧИТАНО

Mинистерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, денеска оствари протоколарна средба со претставничката на УНИЦЕФ во Република Северна Македонија, Патриција ДиЏовани. На средбата двете соговорнички отворија прашања од областа на детската и социјалната заштита, заштита на децата од насилство, инклузивноста на детските градинки.  Министерката Тренчевска рече дека во наредниот период, МТСП ќе ги забрза реформите, особено  во  јакнење на капацитетите на социјалните работници.​
„Ќе работиме заедно на обуките за јакнење на капацитетите на социјалните работници за да можат поуспешно да ја спроведуваат активација преку која ранливите групи граѓани ќе излезат од системот на социјална заштита. Секоја поддршка и вклученост на УНИЦЕФ како наш партнер е многу значајна. Во тој дел добредојдени ќе ни бидат и анализите, истражувањата, еваулацијата која ја прави УНИЦЕФ бидејќи тие ќе ни покажат како да одиме понатаму, односно што е она што можеме да го промениме во законите, преку правилник за принципот на работа на Центрите за социјална работа“, рече министерката Тренчевска.
Претставничката на УНИЦЕФ Патриција ДиЏовани посочи дека истражувањата и анализите покажуваат дека пристапот до квалитетни програми за ран детски развој и учење се битни во образовниот успех како и за благосостојбата, вработливоста и социјалната интеграција. Таа порача дека Министерството и Владата и понатаму ќе ја имаат поддршката на УНИЦЕФ.
Теми на денешната  средба, беше и процесот на деинституционализацијата, за кој министерката Тренчевска нагласи дека е особено горда, бидејќи наместо во големи и гломазни институции, децата сега се сместени во мали групни домови, во кој владее атмосфера налик на семејната.
„Ќе продолжиме со јакнење на капацитетите на тимовите кои работат во малите групни домови, се со цел кога ќе излезат  од нив, лесно да се вклучат во општествениот процес. Целиот процес е навистина за почит. Исто така треба да јакне и капацитететот на воспитниот кадар за работа со децата со попреченост во детските градинки, бидејќи ниту едно дете не треба да биде оставено на страна. Со инклузивноста сите деца се заедно уште од претшколска возраст. Така кај останатите деца ја будиме  емпатијата и прифаќањето на различностите. Целта ни е од мали нозе да нема стереотипи и предрасуди во текот на целиот образовен процес“, рече министерката Тренчевска.
Министерката Тренчевска посочи дека Министерството и Владата се посветени и на искоренување на сите облици на насилство врз децата и дека во нареднот период со заеднички кампањи ќе се промовира згрижувачкото семејство, како еден од најхуманите облици за згрижување на деца.
На средбата двете соговорнички разговараа и за  утрешната конференција „Интеракцијата помеѓу благосостојбата на детето и академските достигнувања“.
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО