Тренчевска: Согласно податоците од ДСЗ, очекуваме минималната плата да биде околу 20 200 денари

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Вредноста на потрошувачката кошничка е 51 234 денари, а според направените пресметки, минималната плата во март треба да се зголеми за 2 700 денари, рече Трпе Дејановски од Синкатот на УПОЗ во емисијата 24 Отворено.

– Според неофицијални пресметки од Министерството за финансии, таа ќе порасне за 1 800 денари. Кај нас најсоновните производи се во минималната кошничка и не влегуваат тука луксузните производи. Имаме трошоци за исхрана, пијалоци и за домување. И да порасне минималната плата, две минимални не ја стигаат синдикалната минимална кошница. Минималната плата треба да биде 26 000 денари, за да може едно четиричлено семејство без автомобил да го издржи месецот – вели Дејановски.

Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска рече дека пресметките за минималната плата се правата врз основа на метологодија која е донесена во март 2022 и тогаш ветиле дека ќе има постојан раст на платата со системско решение.

– Тоа решение нема да зависи од политичка волја, туку ќе биде согласно порастот на просечната плата и на  трошоците и секоја година во март ќе се носи одлука за пораст на минималната плата. Согласно податоците од ДСЗ, очекуваме минималната плата да биде околу 20 200 денари, значи ќе имаме минимална плата над 20 000 денари – рече Тренчевска.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Гори меѓу Миладиновци и ОКТА

Центарот за управување со кризи информира дека вечерва во 19:05 часот на бројот 112 бил пријавен пожар помеѓу селото Миладиновци и рафинирија ОКТА во...

Ковачевски: Очекувам Бугарија да ги пронајде вандалите

Премиерот Димитар Ковачевски најостро го осудува вандалскиот чин, на каменување на македонскиот клуб „Никола Јонков Вапцаров” во Благоевград. Тој преку својот Фејсбук профил, порача...

ВМРО-ДПМНЕ го осуди демолирањето на македонскиот клуб

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува демолирањето на македонскиот клуб во Благоевград.„Вандализмот не е добрососедство и не може да биде. Негирањето на Македонија, но и на...

Moda

Тоа е најтренди боја на фармерки што ќе ја носиме во летото 2023 година

Сивите фармерки се дефинитивно крој во кој вреди да се инвестира ова лето. Широки сиви фармерки - тренд кој им ласка на сите типови на...

Како да купите нова облека, така што всушност ќе ја носите и нема да седи само во плакарот

Словенците никогаш не носат речиси третина од облеката што ја купуваме. Проверивме како да купиме нова облека, така што всушност ќе ја носиме и...

Уште една ќерка на познати родители е нова ѕвезда на модното небо

Изгледа како вчера – целата светска јавност зборуваше за необичниот избор на името на Гвинет Палтроу и Крис Мартин за нивното новороденче, Епл. Но, тоа...
spot_img
spot_img
spot_img