2.1 C
Ohrid
Monday, November 28, 2022

Тренерот на Челзи го пофали однесувањето на Обамејанг по грабежот

НАЈЧИТАНО

Менаџерот на Челзи, Греам Потер, го пофали начинот на кој фудбалерот Пјер Емерик Обамејанг се справил со насилниот грабеж на дом ова лето.

Во грабеж што се случил на крајот на август во куќа во близина на Барселона, разбојниците му ја скршиле вилицата на Обамејанг и одзеле вреден накит. Недолго потоа, Обамејанг се пресели од Барселона во Челзи, а Потер го презеде лондонскиот тим минатиот месец и побрза да го пофали својот играч.

„Тој не би бил човечко суштество доколку тоа не влијаеше на него. Ние го поддржуваме, но мислам дека е најдобро за него да игра фудбал, да го остави тој инцидент што поскоро зад себе и да се чувствува удобно и среќно. Мислам дека тој го чувствува тоа тука. Тој се однесуваше навистина професионално, навистина сум многу импресиониран“, изјави Потер, пренесе Би-би-си.

„Разбојништвото беше прилично ужасно, да бидам искрен. Зборуваме за нешто што не е убаво, особено кога се работи за семејството. Но, можам да дејствувам само врз основа на тоа како се однесува, а тој беше совршен“, додаде тренерот.

Следниот натпревар Челзи го игра во среда на „Стемфорд Бриџ“ од 21 часот против Милан, во третото коло од Лигата на шампионите. Лондонскиот тим има бод од два натпревари и е последен на табелата во групата Е.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО