2.1 C
Ohrid
Monday, November 28, 2022

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хег објасни зошто не го стави во игра напаѓачот Кристијано Роналдо на натпреварот од 9. коло на Премиер лигата со Манчестер Сити

НАЈЧИТАНО

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хег објасни зошто не го стави во игра напаѓачот Кристијано Роналдо на натпреварот од 9. коло на Премиер лигата со Манчестер Сити (3:6).

– Го направив тоа од почит кон Кристијано, за неговата одлична кариера. Друг плус е тоа што успеав да го пуштам Марсијал, бидејќи му треба минутажа. Сè е прилично едноставно: немавме доволно верба во себе. Кога не веруваш, не можеш да победиш, а тоа е неприфатливо. Ни недостигаше дисциплина во спроведувањето на планот и бевме казнети. Сега ми е тешко да размислувам за позитивни работи. Ги разочаравме навивачите, се разочаравме и ние – изјави Тен Хаг за „Би-би-си”.

Роналдо за прв пат во сезоната го мина целиот натпревар на клупата за резерви.

Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд се изедначи со португалскиот напаѓач на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо по бројот на хет-трик во Премиер лигата. Двајцата играчи три пати постигнаа по три гола на натпреварите на турнирот. Норвежанецот тоа го постигна на осум натпревари, на Роналдо му беа потребни 232 натпревари.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО