9 C
Ohrid
Tuesday, October 4, 2022

Трамп ја погребал својата неодамна почината поранешна сопруга Ивана на својот голф терен во Њу Џерси

НАЈЧИТАНО

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја погребал својата неодамна почината поранешна сопруга Ивана на својот голф терен во Њу Џерси, пишуваат американските медиуми, разгледувајќи дали тоа го направил поради даночни олеснувања.

„Нема да верувате, но Доналд Трамп можеби ја погребал Ивана на својот голф терен поради даночни олеснувања“, стои во насловот на американскиот „Ванити фер“. Тамошните медиуми пишуваат дека, според законите на сојузната држава Њу Џерси, земјиштата користени за погребување на починатите се ослободуваат од плаќање на низа даноци.

Социологот Брук Харингтон од универзитетот Дартмут, авторка на книгата за начините на кои најбогатите избегнуваат плаќање на данок, река дека најпрво била “скептична околу гласините дека Трамп ја погребал својата поранешна сопруга” заради даночни олеснувања, но дека, истражувајќи ги законите на Њу Џерси, се уверила дека тие навистина овозможуваат нешто такво, пренесува „Ванити фер“.

„Њујорк пост“, таблоиден медиум во сопственост на Руперт Мурдок, во неделата објавил фотографии осамениот гроб на поле на имотот со мал надгробен натпис: Ивана Трамп 20 февруари 1949. 14 јули 2022.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО