8.9 C
Ohrid
Wednesday, October 5, 2022

Трамп навести дека повторно ќе се кандидира

НАЈЧИТАНО

Иако сè уште не е испратена официјална потврда, но поранешниот американски претседател Доналд Трамп навести дека и по трет пат би можел да влезе во трката за претседател на САД.

Трамп тоа го изјави на собирот во Вашингтон организиран од поранешните членови на неговата администрација.

– Сакаат да ви наштетат, но всушност сакаат да ми наштетат на мене за да не работам повторно за вас,  мислам дека нема да успеат во тоа – им кажа Трамп на своите приврзаници кои извикуваа: „Уште четири години“.

Трамп за прв пат се појави во главниот град откако замина од должноста во 2021 година.

Според пишувањето на американските медиуми, поранешниот претседател на САД би можел да ја објави официјалната кандидатура за претседателските избори во септември, со што би влегол во својата трета кампања.

Иако тоа не го најави официјално, во говорот Трамп укажал дека не планира да оди во политичка анонимност.

Наместо тоа, истакна дека чувствува дека мора да се ангажира и покрај тоа што го нарекол „прогон“ од претседателката на Конгресот Ненси Пелоси, демократите и луѓето кои го истражуваат упадот во Капитол.

– Да се затворев дома и мирно да набљудував, прогонот на Доналд Трамп ќе завршеше во истиот момент Но нема тоа да го направам. Морам да ја спасам нашата земја – рече тој.

Во текот на говорот, Трамп членовите на доверителството кои го истражуваат упадот во Капитол ги нарече „разбојници“ и го повтори тврдењето дека победил на претседателските избори во 2020 година.

– Секогаш велам дека се кандидирав прв пат и победив. А потоа се кандидирав втор пат и минав уште подобро. Каква срамота беше тоа. Но можеби ќе мораме тоа да го направиме повторно – истакна Трамп.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО