2.9 C
Ohrid
Monday, January 30, 2023

Топланите не смеат да користат мазут, а гасот го има, но е скап

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Топланата „Скопје-Север“ повторно не работи, па објектите кои се приклучени на системот на парно греење на оваа компанија, домаќинствата, образовните и здравствените установи, се без никакво греењеПоради студените радијатори денеска училиштата во општините Чаир и Бутел го прекинаа наставниот процес и ги ослободија учениците уште од вториот час. Наставниците велат дека во училниците е неподносливо студено.

Студот е неподнослив и за домаќинствата, иако редовно ги плаќаат сметките. Граѓаните велат дека често се случува да имаат прекин на парното греењеНекои од нив имаат мали деца, а некои и стари и болни членови во семејствата. Тие се снаоѓаат како знаат и умеат, користат греалки, но тоа значи дека ќе мора да плаќаат и високи сметки за струја, покрај тие за парно, кои редовно ги добиваат. Во градинките исто така се користат алтернативни извори за греење.

За да ја надмине финансиската криза, АД Скопје-Север побара наместо со гас, греењето да продолжи со мазут, но Град Скопје не дозволи.

Поради тоа што топланите немаат филтри, а гасот е достапен на пазарот, Министерството за животна средина забрани топланите да користат мазут или дизел како гориво.

– Исток и Запад имаат А интегрирана дозвола тоа значи дека е издадена од Животна средина и имаат дозвола да греат со гас. Ако зборуваме за здравје на граѓаните да, и има гас и тоа јас го слушам, има – изјави министерот за животна средина Насер Нуредини.

Директорот на Топланата „Скопје-Север Куштрим Рамадани за ТВ21 изјави дека до утре ќе има решение за проблемот со парното, зашто конечно треба да биде потпишан долгоочекуваниот договор за помош од ЕСМ. Рамадани е зачуден што не му се дозволува да користи мазут, иако вели дека има уредна документација. Лани во земјава се потрошени околу 104 илјади тони мазут, а сега, вели Рамадани, не ни дозволуваат да согориме околу 10 тони. Тој вели дека топланата има Б-интегрирана дозвола од Министерството за екологија, но инспекторатот на Град Скопје им забранил да користат мазут.

– РКЕ не ни ги прифаќа реалните цени на гасот за да не се зголеми цената на услугата за граѓаните. Јас се согласувам со ова, но некој мора да ни излезе на помош за да го надомести тоа, односно оваа разлика во цената на гасот. Досега Владата не ни дојде на помош под изговор дека не субвенционира приватни фирми, што никаде не го пишува во законот. Ако одборот на доверители даде дозвола за потпишување на техничко-деловна соработка со ЕСМ, проблемот веднаш ќе се реши, ние сме под притисок на времето – изјави Рамадани.

Државната компанија ЕСМ (Електрани на Северна Македонија) има резерви гас само за утрешниот ден. Од компанијата за Телма изјавија дека нема да има никакви проблеми со греењето, но не известија дали има нова склучена набавка на енергенсот.

Откако почна грејната сезона, ЕСМ, која ја презеде обврската зимава да ги грее скопските домаќинства во кои има парно греење, купува гас за кратки периоди од по две недели. Надлежните уверуваа дека ваквиот начин на набавка во моментов е подобар, со оглед на брзите и големи промени во цената на гасот на пазарот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Вархеји ќе се сретне со претставници на македонските Бугари

Комесарот за добрососедство и проширување на Европската Унија Оливер Вархеји ќе се сретне со претставници на македонските Бугари – објави БГНЕС. Средбата ќе се одржи...

Сурово мачеле и убиле двегодишно момче кога имале по 10 години

Пред околу 30 години, на 12 февруари 1993 година, Џејмс Булгер (2) беше брутално убиен во Бутл во близина на Ливерпул, Англија. Две 10-годишни...

Спасовски му ветил на бугарскиот колега дека в сабота нема да има инциденти

Министрите за внатрешни работи на Македонија и на Бугарија, Оливер Спасовски и Иван Демерџиев денеска од Скопје порачаа дека нема да се дозволи никаков...
spot_img
spot_img
spot_img