16 C
Ohrid
Tuesday, May 24, 2022

Токио ги легализираше истополовите заедници, но не и браковите

НАЈЧИТАНО

Јапонската престолнина најави дека ќе почне да ги признава истополовите партнерства со цел да се олесни товарот со кој се соочуваат граѓаните секојдневно, но тие заедници нема да се сметаат за легални бракови.

Поддршката за сексуалната различност расте бавно во Јапонија, но сè уште постои недостаток на правна заштита за членовите на ЛГБТК популацијата, кои се соочуваат со дискриминација на училиште, на работа и дома, поради што многумина го кријат својот сексуален идентитет.

Групите за човекови права повикаа на усвојување на закон за еднаквост пред минатогодишните Олимписки игри во Токио, кога меѓународното внимание беше префрлено на Јапонија, но законот беше поништен од владејачката конзервативна партија на премиерот Фуми Кишида.

Вчера властите во Токио претставија нацрт-план за прифаќање на регистрација на паровите кои припаѓаат на сексуалното малцинство кои бараат потврда за нивното партнерство, почнувајќи од октомври оваа година. Апликантите мора да бидат полнолетни граѓани на главниот град, вклучително и странски државјани.

Планот се однесува на целиот главен град. Во 2015 година, областа Шибуја во Токио стана првата јапонска општина која издаде необврзувачки сертификат за партнерство на истополови парови. Околу 200 други општини низ Јапонија, или околу 12 отсто од вкупниот број, презеле слични чекори оттогаш.

Голем број парови се борат на суд за правото на брак. Окружниот суд Сапоро минатата година пресуди дека непризнавањето на истополовите бракови во Јапонија е неуставно.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО