25.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Тијана Дапчевиќ ја промовираше песната со која е во трка да ја претставува Србија на Евровизија 2022 во Торино, Италија

НАЈЧИТАНО

Тијана Дапчевиќ денеска во 14 часот официјално ја промовираше песната со која е во трка да ја претставува Србија на Евровизија 2022 во Торино, Италија.

Тијана ќе се бори за свој пласман со песната „Љуби, љуби довека“. За музиката и текстот на ова дело е заслужна Леонтина Вукомановиќ, додека аранжманот и продукцијата се на Немања Филиповиќ.

Вкупно 36 изведувачи ги претставија своите нумери, а меѓу нив се најдоа бројни, веќе добро познати имиња на српската јавна сцена.

Покрај Тијана, Марија Микиќ, Зорја Пајиќ, Сара Јо, Аца Лукас, Гоца Тржан, Душан Свилар, Анџелина се само дел од музичарите кои се борат за свој пласман.

На фестивалот „Песна за Евровизија 22“ 36 натпреварувачи ќе се обидат да дојдат до билет за Торино, каде што годинава се одржува „Песна на Евровизија“. Двете полуфиналиња ќе се одржат на 3 и 4 март, а финалето е закажано за 5 март.

Потсетуваме, Србија минатата година на Евровизија ја претставуваше групата „Hurricane“ со песната „Loco Loco“. Огнените Србинки тогаш привлекоа големо внимание и стигнаа до финалето. На крајот завршија на 15. место.

ФОТО: Јутјуб

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО