4.9 C
Ohrid
Monday, January 30, 2023

Тите за Алвеш: Не може повеќе да трча, но…

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Во понеделникот фудбалската јавност беше изненадена од фактот што селекторот на бразилската репрезентација Тита на списокот патници за Светското првенство во Катар го вклучи 39-годишниот Дани Алвеш. Ветеранот летово се пресели од Барселона во мексиканскиот УНАМ.

Бразил, кој на Светското првенство во Катар ќе се натпреварува во група со Србија, Швајцарија и Камерун, нема да го води напаѓачот на Ливерпул Роберто Фирмињо на Мундијалот. Тите објасни зошто го поканил Алвеш.

„Дани носи технички и тактички аспекти кои се импресивни, тој е личност која може да се организира и артикулира. Секако, тој веќе не е човек кој може да трча 60 или 70 метри, но има други доблести. Со поканата ги наградивме неговите технички квалитети, но и психичките и физичките аспекти. Веруваме дека физички ќе биде целосно подготвен“, изјави Тите објаснувајќи ја одлуката на турнирот да го доведе легендарниот десен бек Алвеш.

Дани Алвеш игра за Бразил од 2006 година – за својата земја има 124 настапи и постигна осум гола. Во својата клупска кариера, тој освои импресивна серија трофеи играјќи за Баија, Севиља, Барселона двапати, Јувентус, ПСЖ, Сао Паоло и УНАМ.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Почина актерката Лиза Лоринг, која се прослави со улогата на Среда во култната серија „Семејството Адамс“

Актерката Лиза Лоринг, која се прослави со улогата на Среда во култната серија „Семејството Адамс“, почина во саботата на 28 јануари како последица од...

Загинаа 4 млади бразилски фудбалери

Автобус полн со млади фудбалери на фудбалскиот клуб Вила Мариа Хелена од Бразил се превртел во провалија од десетина метри. Според информациите на бразилските медиуми,...

Ѕвездата на серијата „Чувари на плажата“, Памела Андерсон, утре ќе ги претстави сите тајни од својот живот во серијата „Памела, љубовна приказна“

Ѕвездата на серијата „Чувари на плажата“, Памела Андерсон, утре ќе ги претстави сите тајни од својот живот во серијата „Памела, љубовна приказна“ (Pamela, A...
spot_img
spot_img
spot_img