16.2 C
Ohrid
Friday, August 12, 2022

Тинејџер убиен, четворица со тешки повреди

НАЈЧИТАНО

Маж (52) од САД е обвинет за убиство на тинејџер и повредување четворица возрасни додека се спуштале по река во Висконсин.

Осомничениот, кој е од Минесота, со нож избодел пет лица додека пливале по реката Епл, при што убил 17-годишник, а четворица се здобиле со тешки повреди, објави Ен-Би-Си Њуз.

– Една жена и тројца мажи на возраст од 20-ина години го преживеаја инцидентот. Најмалку тројца се хоспитализирани во критична состојба, додека четвртата жртва претрпе сериозни повреди – изјави шерифот од Висконсин, Скот Кнадсон.

Инспекторите сѐ уште не го утврдиле мотивот за нападот. Инцидентот се случил околу 15.45 часот во саботата во Сомерсет.

Кнадсон рече дека осомничениот и жртвите биле во различни групи луѓе кои се спуштале по реката во исто време.

Осомничениот сега е во притвор. Полицијата го фатила со помош на цивили, од кои еден го фотографирал.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО