7.9 C
Ohrid
Wednesday, November 30, 2022

Тензично во Собранието за Законот за плати во образованието

НАЈЧИТАНО

Со дофрлање, тропање по маса, упатување навредливи зборови – и денеска тензично на собраниската комисија на која треба да се разговара за зголемување на платата во образованието. Опозицијата тврди дека дневниот ред не е утврден и затоа не смее да се расправа за оваа точка, објави Сител.

Од ВМРО – ДПМНЕ велат дека не се против зголемување на минималната плата за наставниците, но бараат зголемувањето да биде скалесто. Однсно приправниците да не земаат исти плати како наставниците со повисок стаж.

Пратеничката од СДСМ пак, Шкријељ праша зошто цела година опозицијата го кочи законот и што им пречи наставниците кои предаваат изборни предмети да добијат трајно вработување.

Дали пратениците од ВМРО се против обезбедување на правна и економска сигурност на наставниот кадар и да им се овозможи вработување на неопределено време наместо како што се научени да ги држат во неизвесност и да ги злоупотребуваат нивните гласови кога тоа име потребно, парша Санела Шкријељ, пратеничка од СДСМ.

Реагираше и Алијанса за Албанците. Сметаат дека на СДСМ и ДУИ не им е грижа за вработените во образованието, затоа што го одбиле нивниот амандман.

– Да беше оваа власт искрено загрижена за вработените во образованието, ќе требаше да го прифати амандманот на пратениците на Алијанса за Албанците со којшто се предвидува усогласување на платите во образованието и другите јавни сектори согласно со зголемувањето на минималната плата. Ние го поддржавме зголемувањето на минималната плата, но коалицијата СДСМ-ДУИ во комисијата за труд и социјална политика, гласаше против нашите амандмани и против зголемувањето на платите во образованието – изјави Илире Даути, Алијанса за Албанците.

Да се зачува достоинството на пратениците и да не се злоупотребува говорницата зборувајќи за се и сешто, само не за тоа што треба, повика пратеничката од ДУИ Адеми.

Инаку предлог законот за наставници и стручни соработници е ставен на маса пред 8 месеци. Распаравата за него, се уште не е почната.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО