2.9 C
Ohrid
Monday, January 30, 2023

Текст на договорот за роаминг меѓу операторите од ЕУ и од Западен Балкан

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Мобилните оператори од Западен Балкан и ЕУ денеска во Тирана потпишаа договор за намалување на трошоците за роаминг, објавено е на веб-страницата на Европската комисија.

Потписници се „А1 Телеком” во Србија и во Северна Македонија, „БиХ Телеком”, Групата „Дојче Телеком”, косовскиот „Телеком”, Групата „Оранж”, Групата „Телеком” Србија и „Јетел” Србија.

Потписниците на договорот се обврзуваат да започнат со воведување на тие мерки од 1 октомври 2023 година. Секој од операторите ќе размисли за воведување „пониски тарифи само за роаминг на податоци за своите корисници во роаминг на други мрежи”, се вели во договорот.

„Горната граница на малопродажната цена ќе биде договорена меѓу потписниците и ќе биде објавена најдоцна до 1 мај 2023 година. Првото значително намалување на цените на податоците во роаминг ќе стапи на сила на 1 октомври 2023 година, со почетна цена по гигабајт за купена количина во согласност со важечките прописи за конкуренција”, се маведува во договорот.

Интеграцијата на регионот на Западен Балкан, се посочува, е „клучен двигател” на политичката, економската и социјалната интеграција, а тоа подразбира зголемена мобилност.

Во Договорот се наведува и дека потписниците постепено ќе воведуваат тарифи и опции за намалување на трошоците за роаминг во двете насоки.

Првиот чекор е веќе направен во последниве години со намалувањето на цените за роаминг, а понатаму тоа треба да доведе до тарифи кои ќе овозможат комуникација „како дома”.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Руски „Искандер“ ги уништи сите, но светилиштето остана недопрено!

На социјалните мрежи се појави видео на кое наводно се гледа уништување на украински борбени возила и опрема во близина на Изјум. Наводно, Украинците паркирале...

Исфрлете ги овие намирници и заменете ги со други

Решивте да почнете да живеете поздраво и првиот чекор кон ново поглавје беше промената на вашето мени. Сепак, некои од намирниците за кои верувавме...

Павле Трајанов предлага да се формира македонско ФБИ

Криминалот ги разорува институциите и го кочи демократскиот развој на државата. Криминалот стана вредносна категорија, а не зло со кое мораме да се справиме....
spot_img
spot_img
spot_img