22.9 C
Ohrid
Friday, August 12, 2022

Тајван е подготвен за војна

НАЈЧИТАНО

Претседателката на Тајван Цај Инг-вен издаде соопштение во кое е наведено дека островот е подготвен да одговори на евентуалната закана од кинеската армија, доколку тоа биде потребно .

– Нашата влада и војска внимателно ги следат кинеските воени вежби, ги следиме сите информации и подготвени сме да одговориме доколку е потребно. Ја повикувам меѓународната заедница да го поддржи отворениот, демократски Тајван и да ја спречи ескалацијата на регионалната безбедност – порача таа.

Претходно од неименуван извор од Владата во Тајпеј, беше прецизирано дека тајванските сили  се покренати до степен на борбена готовност, но властите со крајни напори се обидуваат да не ја испровоцираат другата страна и со тоа да помогнат воениот конфликт да започне.

Кинезите го зголемија воениот притисок

Кинески бродови и авиони утрово ја преминале линијата на разделување со Тајван, изјави неименуван тајвански владин претставник.

– Околу десет бродови на кинеската морнарица утрово ја преминаа централната линија и останале во областа, а околу 20 кинески воени авиони накратко ја премина централната линија – изјави тој.

Според информациите од Кина, морнарицата успеала во намерата да го опколи островот и да ги одржи воените вежби.

– Војниците го покажаа својот храбар и непобедлив борбен дух – изјави Лиу Дункунг, генерал во кинеската армија.

Дипломатијата потполно замолкна

Во главниот град на Камбоџа денеска се одржува источноазискиот Самит на Асоцијацијата на државите од југоисточна Азија, Форум на кој во услови на изразени тензии меѓу глобалните сили за првпат од почетокот на војната во Украина на иста маса ќе седнат американскиот државен секретар Ентони Блинкен и министрите за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров и на Кина, Ванг Ји.

Кина изрази незадоволство поради неодамнешната посета на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван, автономен остров кој Пекинг го смета за дел од својата територија. Како демонстрација на сила, Кина вчера почна воени маневри околу Тајван.

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји го чукна по рамо својот руски колега Сергеј Лавров додека тој влегуваше во конгресната сала и му мавна со рака пред да седне на своето место. Лавров возврати на поздравот.

Блинкен, кој последен влезе во просторијата каде се одржува состанокот, не погледна ниту во Лавров, ниту во Ванг додека седеше на своето место.

Пред средбата во Пном Пен, американскиот Стејт Департмент соопшти дека Блинкен нема намера да има одвоени средби ниту со кинескиот, ниту со рускиот шеф на дипломатијата.

Кина  вчера го откажа состанокот на министрите за надворешни работи со Јапонија, во знак на протест затоа што Групата седум индустриски најразвиени земји во светот (Г7) објави дека нема оправдување за воените вежби на Пекинг, кои практично го опкружија Тајван.

„Јапонија и другите членки на Г7 и ЕУ дадоа неодговорна изјава во која ја обвинуваат Кина, мешајќи го она што е правилно со погрешното“, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи.

Кога јапонскиот министер за надворешни работи Хајаши Јошимаса почна да зборува на Самитот во Камбоџа, Лавров и Ванг ја напуштија просторијата, изјави неименуван дипломат присатен на Форумот.

Претседавачот на Самитот во Источна Азија, министерот за надворешни работи на Камбоџа, Прак Сохон, во обраќањето пред учесниците изрази надеж дека сите делегати ќе го искористат Форумот како средство за ангажман и меѓусебна комуникација.

– Секоја година имаме повеќе предизвици што треба да ги разгледаме, но никогаш порано како оваа година, не се соочуваме со толку многу опасности во исто време – изјави Сохон.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО