0.9 C
Ohrid
Sunday, January 29, 2023

Тајванските власти испратија СМС-пораки до граѓаните

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Во делови на Тајван патиштата беа испразнети, на граѓаните им е соопштено да останат во своите домови, јави Ројтерс.

Причината за ова ограничување на слободата на движење на тајванските жители, е одржувањето на воената вежба на тајванските воени сили, кои се подготовуваат за евентуалната инвазија на армијата на НР Кина.

Сирените за општа опасност се огласија во 13.30 по локално време, а вежбата траеше 30 минути. Граѓаните добија СМС порака дека следува опасност од проектили и дека веднаш треба да се евакуираат на безбедно.

Полицијата на Тајпеј ги преусмеруваше автомобилите да се тргнат на страна и да остават простор за воените возила. Во исто време продавниците и рестораните ги спуштија ролетните во случај на ноќен напад, а противпожаните служби вежбаа гаснење оган предизвикан од ракетен напад.

– Неопходно е да се направат подготовки за војна – порача градоначалникот на Тајпеј, Ко Вен-џе.

Тој направи паралала со рускиот напад на Украина, со опсасноста што за Тајван доаѓа од Кина.

– Кинеските воени авион често го нарушува воздушниот протор на Тајван, во изминатите години. Во Европа се води војна меѓу Русија и Украина, па тие инцидентие не предупредуваат да бидеме внимателни – додаде тој.

Кинеските власти наводно во приватна порака испратена до САД, се заканиле со војна доколку Тајван биде посетен од претседателката на американскиот конгре Ненси Пелоси. Кина не ја признава независноста на Тајван, па за Пекинг е неприфатлива посетата на Тајван на лидерот на претставничкиот дом на САД.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Безбедното чествување на Гоце Делчев во фокус на разговорите

Вицепремиерот за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи на Република Бугарија Иван Демерџиев со придружна делегација, утре, ќе престојува во работна...

Руските сили го гранатирале градот Херсон, кој е под украинска контрола, но многу од жителите веќе се евакуирани во соседните места

Руските сили денеска го гранатирале градот Херсон, кој е под украинска контрола, но многу од жителите веќе се евакуирани во соседните места. Ова го...

Веста за избодената д-р Елвира Којиќ, психијатар во Вировитица во Хрватска одекна во регионот

Веста за избодената д-р Елвира Којиќ, психијатар во Вировитица во Хрватска одекна во регионот. Докторката во саботата попладне била нападната во нејзината приватна ординација...
spot_img
spot_img
spot_img