23.1 C
Ohrid
Saturday, August 20, 2022

Талибанците апсат и мачат цивили

НАЈЧИТАНО

Хјуман рајтс воч (ХРВ) денеска соопшти дека талибанските безбедносни сили во северен Авганистан незаконски апселе и мачеле цивили кои наводно соработувале со ривалски вооружени групи.

Борбите се интензивираа во Панширската долина од средината на мај оваа година, кога Народниот фронт на отпорот во Авганистан (НРФ) ги нападна талибанските упоришта во регионот.

Талибанците одговорија со испраќање илјадници борци и спроведување специјални операции насочени кон сите осомничени за соработка со НРФ, информира ХРВ.

– Талибанците извршиле групни егзекуции, а борците и другите затвореници исчезнаа, што се воени злосторства, се вели во соопштението.

НРФ е анти-талибанска коалиција од регионот кој беше последното упориште на отпорот на Талибанците.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО