2.9 C
Ohrid
Tuesday, January 31, 2023

Судот на правдата на ЕУ го суспендираше одземањето на имунитетот на Пучдемон

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Судот на правдата на ЕУ го суспендираше одземањето на имунитетот на Карлес Пуџдемон, Тони Комин и Клара Понсати. Триото во Шпанија се соочува со затвор поради организирање референдум за независност на Каталонија.

Европскиот суд на правдата ја суспендираше одлуката на Европскиот парламент, кој во март 2021 година го укина пратеничкиот имунитет на тројца европратеници – поранешните каталонски лидери Карлес Пуџдемон, Тони Комин и Клара Понсати. Триото во Шпанија се соочува со затвор поради организирање референдум за независност на Каталонија.

Заменик-претседателот на Судот на ЕУ во вторникот објави наредба за суспендирање на одземањето на пратеничкиот имунитет на Пучдемон и неговите колеги, додека судиите се подготвуваат да го преиспитаат случајот, пренесува француската новинска агенција АФП.

Пуџдемон моментално живее во Белгија, бидејќи се соочува со затворска казна доколку се врати во Шпанија. Откако беше избран во Европскиот парламент во 2019 година, тој извесно време уживаше пратенички имунитет, но парламентот му го одзеде во март 2021 година со одлука потврдена од Генералниот суд на ЕУ во јули истата година.

Пуџдемон ја обжали одлуката, но повторно беше одбиен од Генералниот суд на ЕУ во ноември 2021 година, а сега Судот на правдата на ЕУ ја суспендираше одлуката за одземање на европскиот пратенички имунитет на Пуџдемон, Комин и Клара Понсати.

„Денес добивме уште еден позитивен резултат“, напиша Пуџдемон на Твитер по одлуката на судот, ветувајќи дека ќе се соочи со властите во Мадрид од егзил, без разлика колку се неизвесни работите и колку е колосална моќта на шпанската држава. „Нема да се откажеме“, додаде тој.

Во 2017 година, Пуџдемон ги предводеше напорите на каталонската сепаратистичка регионална влада да одржи референдум за независност и покрај забраната на Мадрид. Гласањето беше обележано со полициско насилство, според АФП.

Неколку недели по референдумот, каталонската администрација издаде краткотрајна декларација за независност, што предизвика политичка криза што доведе до тоа Пуџдемон и некои други каталонски лидери да избегаат од Шпанија. Мадрид, пак, се уште сака да се соочи со шпански суд.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Поправајќи ја канализацијата, откриле древна статуа на Херкул

При поправка на канализацијата под парк во Рим, пронајдена е античка римска статуа на Херкул, која најверојатно датира од времето на Римската Империја (27...

Муса Џафери: Артан Груби ја узурпира партијата и само се крие и се брани зад ликот на Али Ахмети

Артан Груби ја узурпира партијата и само се крие и се брани зад ликот на Али Ахмети. Тој заедно со другите министри треба да се појави...

Грчката морнарица сѐ уште го бара пилотот од урнатиот Ф-4

Потрагата по пилотот на авионот Ф-4 фантом на грчката воена морнарица што вчера се урна во Јонското море, траеше во текот на ноќта, а...
spot_img
spot_img
spot_img