20.9 C
Ohrid
Tuesday, May 17, 2022

Студијата открила врска помеѓу спиењето и телесната тежина

НАЈЧИТАНО

Не е тајна дека спиењето игра голема улога во нашето целокупно здравје, но кога станува збор за одржување на здрава тежина, колку сон всушност ни треба?

Во новата студија претставена на Европскиот конгрес за дебелина, научниците се доближија до одговор на ова прашање.

Проучување на времетраењето на спиењето и одржување на тежината
За оваа студија, нешто помалку од 200 дебели возрасни луѓе добија инструкции да се придржуваат до строга диета осум недели. Учесниците изгубиле во просек 12 отсто од нивната телесна тежина.

Тимот што ја спроведе оваа студија сакаше да открие како различни фактори ќе влијаат на одржувањето на губење на тежината во текот на годината. Беа измерени и навиките за спиење и квалитетот на сонот на учесниците, пишува Mind Body Green.

Што беше откриено?
Врз основа на наодите од оваа студија, се чини дека доволно квалитетен сон може да биде од голема помош кога станува збор за одржување здрава тежина, а дополнително вежбањето го подобрува сонот.

Не само што времетраењето на спиењето и квалитетот на сонот се зголемија кај сите учесници по нивниот првичен план за исхрана од осум недели, туку и поединците кои вежбаа во текот на студијата можеа да го одржат тој подобрен сон, додека оние кои не вежбаа не успеаја да го направат тоа.

Освен тоа, оние кои во просек спиеле помалку од шест часа навечер и оние кои пријавиле лош квалитет на спиење, забележале зголемување на индексот на телесна маса (БМИ) во текот на годината.

Како што објаснува коавторот на студијата Адријан Бог во соопштението за печатот, „изненадувачки беше да се види како губењето на тежината кај возрасните го подобрува времетраењето и квалитетот на спиењето за толку кратко време, и како вежбањето за одржување на здрава тежина го подобрува квалитетот на сонот“.

Исто така, додава коавторот на студијата, „интригантно беше тоа што возрасните кои не спијат доволно или имаат лош квалитет на спиење по губење на тежината, изгледаат помалку успешни во одржувањето на губење на тежината од оние со доволно квалитетен сон“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО