0.9 C
Ohrid
Sunday, January 29, 2023

Студентски отпор повика на протест пред Собрание

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Движењето Студенстки отпор на својата фејсбук страна најави протест в понеделник пред Собранието. Протестот ќе се реализира под мотото „Стоп за уништување на студентскиот стандард”и ќе започне во 16 часот.

Студентите на протестот ќе побараат повлекување на предложените измени на Законот за студентски стандард, изедначување на стипендиите со повискиот износ, изземање на студентите од антикризните мерки на Владата за рационализација и штедење на струја и подобрување на условите и итна санација каде што е неопходна во студентските домови.

„Со децении наназад студентот од Македонија е жртва на лошите политики и институционалната пасивност. Крајно време е да се спротиставиме на уништувањето на студентскиот стандард. Затоа, време е за студентски отпор!“, пишува во објавата на Студентски отпор.

Претходно партениците од власта кои ги предложија измените на Законот за студентски оброк  го повлекоа предлогот од собраниска процедура и ги повикаа претставниците на универзитетските студентски собранија на средба во Собранието в понеделник во 16.30 часот.

На средбата ќе се дискутира за заедничко  решение кое ќе биде системски воспоставено и ќе обезбеди здрав оброк на студентите, како што и била првата намена.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Безбедното чествување на Гоце Делчев во фокус на разговорите

Вицепремиерот за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи на Република Бугарија Иван Демерџиев со придружна делегација, утре, ќе престојува во работна...

Руските сили го гранатирале градот Херсон, кој е под украинска контрола, но многу од жителите веќе се евакуирани во соседните места

Руските сили денеска го гранатирале градот Херсон, кој е под украинска контрола, но многу од жителите веќе се евакуирани во соседните места. Ова го...

Веста за избодената д-р Елвира Којиќ, психијатар во Вировитица во Хрватска одекна во регионот

Веста за избодената д-р Елвира Којиќ, психијатар во Вировитица во Хрватска одекна во регионот. Докторката во саботата попладне била нападната во нејзината приватна ординација...
spot_img
spot_img
spot_img