2.9 C
Ohrid
Sunday, November 27, 2022

Струјата поскапува од 1 септември

НАЈЧИТАНО

Советот на Агенцијата за енергетика на денешната седница на барање на ЈП ЕПС Белград ја одобри одлуката за цената на електричната енергија за гарантирано снабдување.

„Просечната цена на електрична енергија за корисниците кои имаат право на гарантирано снабдување по регулирани цени (домаќинства и мали потрошувачи), утврдена врз основа на максималниот одобрен приход и проценетите количини електрична енергија за продажба на потрошувачите на гарантирано снабдување, изнесува 8.144 дин/kWh без даноци и такси и е повисока од постојната просечна цена за 6,5 отсто“, се наведува во соопштението на Агенцијата за енергетика.

Тоа значи дека крајните сметки за струја, како што наведува економистот Михаило Гајиќ за порталот N1, ќе бидат зголемени за околу 8,3 отсто.

„Згора на основното поскапување на струјата од 6,5 отсто, се наплаќа акциза од 7,5 отсто и 20 отсто ДДВ“, објаснува Гајиќ.

Останатите давачки што се наплаќаат, додава, зависат од потрошувачката на струја, а не од цената.

„Ова е зголемување на цената во согласност со инфлацијата“, додаде тој.

Новата цена за гарантирано снабдување ќе важи од 1 септември 2022 година.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО