17.9 C
Ohrid
Tuesday, October 4, 2022

Стојаноски: Нема да гласам за промена на македонскиот Устав!

НАЈЧИТАНО

Јас, Бојан Стојаноски, пратеник во македонското Собрание, со мандат добиен од македонските граѓани на парламентарните избори во 2020 година, под полна морална, материјална и кривична одговорност изјавувам дека: Нема да гласам за промена на македонскиот Устав со цел внесување на бугарскиот народ во Преамбулата или во било која одредба, ниту ќе поддржам било каква иницијатива, предлог или заклучок кој ќе ја доведе Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема некоја друга држава, напиша Стојаноски на Фејсбук.

Оваа моја изјава, додава тој, е дадена со чиста совест и истата е неотповиклива.

„Никогаш, никогаш нема да дозволам тие што ми ја дале довербата, тие што ме познаваат, моите пријатели и семејството да одат со наведната глава. Ние сме минливи, Македонија е ВЕЧНА“, напиша пратеникот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО