23.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Стотици згради се поплавени од вчера попладне откако неколку реки се излеаја во североисточна Босна

НАЈЧИТАНО

Стотици згради се поплавени од вчера попладне откако неколку реки се излеаја во североисточна Босна, а на жителите нови проблеми им предизвикуваат врнежите што се очекуваат денеска.

Најлоша е состојбата во општина Челиќ каде се поплавени околу 200 семејни куќи и други објекти.

Обилните врнежи доведоа до излевање на реката Шибошница и други водотеци кои го претворија центарот на градот во езеро.

Локалните медиуми јавуваат дека се урнале неколку земјоделски објекти, а поплавите однеле и неколку автомобили.

Властите прогласија состојба на природна катастрофа.

Обилните врнежи од дожд и порои предизвикаа големи штети и во општина Сребреник, каде што се поплавени голем број објекти.

Поплавени се големи земјоделски површини во Зворник во источна БиХ, соопштија локалните власти.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО