16 C
Ohrid
Tuesday, May 24, 2022

Стопирани воените активности, отворен е хуманитарен коридор

НАЈЧИТАНО

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека вооружените сили на Русија и Народната милиција на ДНР од 14 часот по московско време, денеска, 25 април, еднострано ги прекинуваат сите воени операции во близина на фабриката „Азовстал“.

– Нема никакви пречки цивилите да го напуштат „Азовстал“, освен одлуката на Киев и националистите да ги задржат цивилите како „жив штит“ – пренесува РИА Новости.

Се проценува дека во фабриката за челик има меѓу 300 и 1.000 цивили, кои се таму заедно со преостанатите украински борци кои го бранат градот.

Претходно рускиот претседател Владимир Путин нареди да престанат сите воени активности врз фабриката „Азвостал“, но нареди војската да направи обрач околу објектот и да не дозволи „мува да прелета“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО