9 C
Ohrid
Tuesday, October 4, 2022

Столтенберг вели дека Алијансата има големо искуство со таа работа

НАЈЧИТАНО

Не е невообичаено членките на НАТО да имаат различни мислења, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, мислејќи на актуелното одбивање на Турција да го поддржи членството на Финска и Шведска во НАТО.

– Не е невообичаено во НАТО да има различни мислења за важни одлуки. Кога има различни мислења, имаме големо искуство со тоа, седнуваме и наоѓаме решение – изјави Столтенберг за новинарите за време на посетата на Копенхаген.

– Ние сме во близок контакт со Финска, Шведска и Турција. Работиме на причините за загриженоста изразена од Турција – додаде тој.

Столтенберг  нагласи дека верува во „брза одлука“ за прием на двете земји во НАТО.

Шведска и Финска во средата ги поднесоа своите официјални кандидатури за членство во НАТО. Турција се спротивстави, обвинувајќи ги дека двете земји дека кријат и финансираат „терористи“, како и дека ги снабдуваат со оружје, зборувајќи за милитантната Курдската работничка партија (ПКК) и сириската курдска милиција (ИПГ), за кои тврди дека се тесно поврзани.

Британскиот министер за одбрана Бен Валас денеска изјави дека верува оти постои начин да се реши загриженоста на Турција во врска со приемот на Шведска и Финска во НАТО.

– Мислам дека постои начин. Мислам дека ќе дојдеме до тоа на крајот и многу е важно да ги слушаме сите членови и нивните грижи во процесот. Ние секако ќе ја сослушаме Турција – рече Валас во говорот во британскиот парламент.

Тој додаде дека за тоа ќе разговара со турскиот министер за одбрана.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО