5.9 C
Ohrid
Wednesday, February 1, 2023

Столтенберг бара да не се одлага влезот на Шведска и Финска во НАТО

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Стокхолм и Хелсинки го почитуваат трилатералниот меморандум што го потпишаа со Анкара и дека денес, во се поопасниот свет, „уште поважно е Шведска и Финска да станат членки на НАТО”.

Тој повика на поголема поддршка за Украина и предупреди дека потценувањето на Русија може да доведе до „големи последици за безбедноста во нордискиот регион”, објавено е на веб-страницата на НАТО.
Столтенберг изрази уверување дека „наскоро ќе може да им приреди топло добредојде на Шведска и Финска” во Алијансата.

На маргините на безбедносната конференција што се одржува во  Шведска, Столтенберг се сретна со шведскиот премиер Улф Кристерсон, шведските министри за надворешни работи и одбрана, како и со лидерката на опозицијата Магдалена Андерсон.

Столтенберг потсети дека досега 28 од 30-те земји на НАТО алијансата го ратификувале влезот на Шведска и Финска во НАТО, а тоа се уште не го сториле само Унгарија и Турција.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Во Холандија е потврдено кравјото лудило

Холандските власти потврдија дека кравата што умрела на фарма во таа земја имала таканаречена кравјо луда, ретка невродегенеративна болест кај говедата која може да...

Штрајк на половина милион вработени во Британија – училиштата затворени, возовите, авионите доцнат

Десетици илјади училишта во Велика Британија делумно или целосно ја прекинаа наставата, прекинат е и железничкиот сообраќај, а се очекуваат доцнење на авионите бидејќи...

Потврдено: Нетфликс ги открива првите детали за новите мерки против споделувањето лозинки

Стриминг гигантот Нетфликс проценува дека околу 100 милиони корисници ширум светот се најавуваат на нивната платформа користејќи туѓи кориснички податоци. Нетфликс се надева дека...
spot_img
spot_img
spot_img