3.3 C
Ohrid
Friday, February 3, 2023

Степенот на присуство на антитела се движи од 75 до 76 проценти

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Податоците од анализата од ковид тестирањето односно скринингот што го спроведе Министерството за здравство покажуваат дека кај испитаниците кои не се вакцинирани, степенот на присуство на антитела се движи од 75 до 76 проценти, додека кај испитаниците кои се вакцинирани присуството на антитела е 85-86 проценти. Тоа укажува дека голем број од тие кои не се вакцинирани против ковид-19 или прележале или дошле во контакт со вирусот, меѓутоа тоа не значи дека е постигнат колективен имунитет, изјави за МИА заменик-министерот за здравство Владимир Рендевски.

Тој посочи дека за тоа дали сме дојдени до колективен имунитет одлучува Комисијата за заразни болести врз база на анализите. Сепак, појасни Рендевски, најрелевантен параметар се анализите на бројот на новозаболени, починати и хоспитализирани и врз основа на тоа се препорачуваат епидемиолошките мерки.

– Во поглед на актуелната епидемиолошка состојба и моменталните епидемиолошки мерки се во корелација со одредени варијабли кои се испитуваат во последните шест недели и се предмет на испитување во останатите европски земји. Тоа се бројот на новозаболени, починати и хоспитализирани, односно оптовареноста на здравствениот систем. Врз основа на овие варијабли постои посебен алгоритам кој го одредува епидемиолошкиот ризик, односно епидемиолошката состојба во секоја земја. Врз основа на таа актуелна епидемиолошка состојба постојат предлог епидемиолошки мерки. Анализите во државава покажуваат дека во однос на овие три параметри моментално се наоѓаме во зелена фаза и според тоа се имплементираат соодветни епидемиолошки мерки кои се во корелација со зелената фаза. Анализите се следат на дневно и на неделно ниво и во зависност од одредено намалување или зголемување на овие параметри така би се планирале и идните епидемиолошки мерки – истакна Рендевски.

Тој потенцира дека вакцинацијата против ковид-19 е столб за подобрување на имунолошката состојба.

– Затоа вчера започна караванот за вакцинација против ковид-19 и во тој поглед мора да делуваме првенствено на повозрасните пациенти и пациентите со коморбидитети, а понатаму и на останатите пациенти кои се вакцинирани со две дози, а поминал подолг период од три месеци од последното вакцинирање. Практично да се даде и иницијатива за бустер доза кај овие пациенти – изјави за МИА заменик-министерот за здравство Рендевски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

МВР гарантира безбедно чествување на 4 февруари

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира, како што наведува, лагите изнесени на еден портал дека за безбедноста во сабота ќе се грижат и...

Даниел Поповиќ откри која е Џули од познатата песна

Музичарот Даниел Поповиќ ја претставуваше Југославија на Евровизија во 1983 година во Минхен со песната „Џули“. Освои високо четврто место и песната стана хит....

Откако еден обожавател од публиката во текот на последниот концерт на Адел покажал фотографија од својата покојна сопруга, пејачката се расплакала и му ја...

Откако еден обожавател од публиката во текот на последниот концерт на Адел покажал фотографија од својата покојна сопруга, пејачката се расплакала и му ја...
spot_img
spot_img
spot_img