4.9 C
Ohrid
Wednesday, February 1, 2023

Стевановиќ советува да се носат маски во затворен простор

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Заштитата од новиот сој на ковид-19, „кракен”, е идентична со претходните. Неопходен е сериозен пристап на граѓаните и придржување до дадените препораки. Тоа се носење маска во здравствени институции, во затворен простор како што е јавниот транспорт, како и избегнување на затворени простории преполни со луѓе, вели во изјава за МИА директорката на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, Милена Стевановиќ.

Во земјава е регистриран првиот случај на „кракен” кај пациент од Гевгелија. Очекувањата се дека овој сој на вирусот ќе почне да осцилира и кај нас, како и во другите земји, но, како што нагласува Стевановиќ, нема место за паника.

– Таа не помогна ни во највисоките трендови на развој на пандемијата, па нема ни сега – вели Стевановиќ.

Според неа, станува збор за вирус кој е лесно пренослив, но дека не предизвикува тешка клиничка слика. Ризик да се развие потешка клиничка слика постои кај пациентите со тешки хронични болести.

– Од клиничките искуства во светот, засега не се остава впечаток дека предизвикува потешка клиничка слика или различни симптоми од досегашните. Ризикот за потешка клиничка слика сѐ уште го има приматот кај пациенти со тешки хронични болести, како и кај повозрасните лица. Секако, постои можност за копликација, посебно поради сезоната на грип, каде може да има и повеќе вирусни инфекции одеднаш, а во деференцијали дијагностички сѐ потешко се разликуваат – нагласува Стевановиќ.

Институтот за јавно здравје во неделата соопшти дека во земјава е регистриран првиот случај на „кракен” кај пациент од Гевгелија, кој, како што вели Стевановиќ , не патувал надвор од државата и нема тешка клиничка слика. Третиран е амбулантски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

(ЕКСКЛУЗИВНО) Држи ли ЈО Охрид во Притвор невино лице за да се задоволи б’лгарската мегаломанија???

Христијан Пендик(ов), лице за еднократна употреба во б’лгарската мегаломанија, стана една од најозборуваните личности која служи за поткусурување на големобугарските аспирации кон Македонија. Но, што...

Покојниот крал на попот ќе го игра неговиот внук Џафар Џексон

Американскиот режисер Антоан Фуква го пронајде главниот актер за неговиот планиран филм за животот на поп ѕвездата Мајкл Џексон. Главната улога во филмот Мајкл...

Затворениците во САД ќе можат да си ја скратат казната со донирање органи

Затворениците во американската сојузна држава Масачусетс ќе можат да ги намалат затворските казни за најмалку два месеци доколку донираат коскена срж или органи. Доколку законот...
spot_img
spot_img
spot_img