9.9 C
Ohrid
Thursday, December 8, 2022

ССМ: Трпение повеќе немаме, робови нема да ви бидеме

НАЈЧИТАНО

Трпението е на крај, повеќе нема да чекаме – нашите барања да бидат разгледани и исполнети веднаш, порача Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) од протестот пред Владата.

Пред Владата, покрај синдикалците, беа и вицепремиерот Фатмир Битиќи, како и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска чие присуство јавно, пред сите присутни, го поздрави претседателот на ССМ Дарко Димовски.

– Унапредувањата на правата на работниците не се случува еднаш засекогаш. Треба да се зборува и за еднаквиот третман на мажите и жените на пазарорт на трудот, за безбедноста при рабпота како и за сите други права кои се забопрваат посебно за време на кризи Никој не треба да заборави дека работникот е на право место, човечкиот капитал е пред се – рече Битиќи, а министерката Тренчевска порача дека и синдикатот и Владата се заедно во борбата за унапредување и почитување на работничките права. 

Не може, работодавачи и газди, да ви бидеме робови седум дена во неделата, порача претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Дарко Димовски од денешниот првомајски протест.

– Ќе блокираме се и многу лесно овој протест ќе прерасне во штрајк, а тоа значи прекин на работата за време на работното време. Ако ние трпиме штета и вие ќе трпите штета – рече тој, упатувајќи ги уште еднаш барањата – линеарно зголемување од 2.806 денари на сите плати во државата и повлекување на претставката за недела неработен ден од Уставниот суд.

Како што истакна Димовски, овие барања треба да се исполнат што поскоро, зашто инфлацијата е се поголема и тие пари им се понеопходни на работниците.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО