14.9 C
Ohrid
Thursday, September 29, 2022

Српските граѓани точат најскапи бензин и дизел

НАЈЧИТАНО

Граѓаните на Србија во моментов точат најскапо гориво во споредба со другите жители на земјите од поранешна СФРЈ и покрај тоа што во последните неколку недели и кај нас поевтинија дизелот и бензините од 95 октани.

Цената на бензинот од 95 октани на пумпите во Србија од минатиот петок изнесува 184 динари, што е 1,57 евра според просечниот курс на НБС, додека литар дизел чини 209 динари или 1,78 евра. Основниот бензин е најевтин во Црна Гора – 1,45 евра, додека најниска цена на дизелот во моментов има во Северна Македонија, каде што чини 1,47 евра.Во Хрватска од 9 август литар бензин од 95 октани чини 1,50 евра, додека цената на дизелот е 1,61 евро. Согласно Уредбата што ја усвои Владата на Хрватска, сегашниот начин на пресметување на највисоките цени ќе се применува во наредните седум дена и ќе важи за сите малопродажни места.

На пумпите во Словенија на 2 август основниот бензин поевтини за девет центи и чини 1.534 евра, а цената на дизелот е намалена на 1.676 евра за литар. Сегашните цени на горивата ќе важат до 16 август.

Литар дизел во Црна Гора чини 1,55 евра, додека во Северна Македонија од 9 август цената на бензинот и дизелот е изедначена – 1,47 евра.

Извор: ТАНЈУГ/ЈАДРАНКА ИЛИЌ
Цените на горивата во Босна и Херцеговина не се ограничени и варираат од пумпа до пумпа. Во кантонот Сараево најниската цена на бензинот моментално е 1,51 евро за литар, а дизелот 1,62 евра. Цените се уште поповолни во Мостар, каде литар бензин од 95 октани може да се најде за 1,46 евра, а дизел гориво за 1,59 евра.

Цените на горивата на бензинските пумпи во Република Српска се слични, па основниот бензин чини околу 1,48 евра, додека дизелот може да се купи за 1,64 евра.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО