25.9 C
Ohrid
Wednesday, July 6, 2022

Српската царина и полиција на граничниот премин Прешево спречи обид за криумчарење од страна на македонски државјанин на луксузен часовник „Патек Филип“ чија вредност се проценува на 115.000 евра

НАЈЧИТАНО

Српската царина и полиција на граничниот премин Прешево спречи обид за криумчарење од страна на македонски државјанин на луксузен часовник „Патек Филип“ чија вредност се проценува на 115.000 евра, поради што е задржано и возилото „порше“ во кое патникот пристигнал на преминот, јави дописникот на МИА од Белград.

Вкупната вредност на откриениот прекршок достигна речиси 30 милиони динари (9255.000 евра), соопштија од Царинската управа на Србија.

Овој несекојдневен обид за криумчарење бил откриен вчера претпладнето кога на излез од граничниот премин Прешево пристигнало „порше“ со германски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин.

Тој патувал во друштво на еден сопатник, а на прашањето дали имаат нешто да пријават за царинска контрола, двајцата одговориле негативно. Сепак, деталниот преглед ги демантирал нивните тврдења.

Имено, и на левата и на десната рака на возачот биле пронајдени два скапоцени часовници „Patek Philippe – Nautilus Herren 5980 / 1R“ и „Rolex GMT Master II 40mm“, за кои сопатникот не поседувал никаква пропратна документација, иако станува збор за стока со голема вредност.

Бидејќи не ја пријавил стоката на влез во Република Србија, рачниот часовник „патек филип“ чија вредност се проценува на 115.000 евра е привремено задржан, а вредноста на стоката надминува една третина од вредноста на средствата што се користела за транспорт на стоката, привремено е одземен и автомобилот „порше 911 карера 4С“.

По судската постапка што се водеше по забрзана постапка бидејќи се работи за странски државјанин, прекршочниот суд во Прешево донесе првостепена пресуда со која на македонскиот државјанин му изрече парична казна од 150.000 динари (1.275 евра) и заштитна мерка одземање на стока (рачен часовник „патек филип“ и возилото „911 Porsche Career“).

Доколку и по жалбената постапка не се смени одлуката на судот, и часовникот и автомобилот запленети со прекршок ќе бидат изложени на јавна продажба во Царинарницата Ниш.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО