16 C
Ohrid
Tuesday, May 24, 2022

Српската претставничка на Евровизија Ана Ѓуриќ Констракта стана вистински хит во Европа

НАЈЧИТАНО

Српската претставничка на Евровизија Ана Ѓуриќ Констракта стана вистински хит во Европа. И странските медиуми пишуваат за неа и нејзината песна и настап на евровизиската сцена.

Таа добро котира и на евровизиските обложувалници, во моментот е осма. Констракта е единствената од земјите од регионот која се пласираше во големото финале на Евровизија, в сабота, 14 мај.

Во едно од вчерашните интервјуа пред настапот, на Констракта ѝ поставиле мошне интересно прашање.

Имено, тие прашале дали некогаш молзела крава, бидејќи често јавно го фалела Глибовац, селото во кое живее нејзината баба. Реакцијата на Констракта на прашањето набрзо стана хит на социјалните мрежи.

„Молзев крава кога бев мала, имав околу 10 години. Двапати молзев крава во ист ден“, рекла Констракта, а потоа со рацете покажала како го прави тоа.

„Чудно е да се молзи крава, бидејќи треба да се има добра техника. Важно е да се повлече вимето во вистинската насока и е многу топло кога го правите тоа. Тоа е забавно искуство“, низ смеа изјавила пејачката.

Видеото е објавено на Јутјуб каналот на Евровизија и досега е прегледано повеќе од 50.000 пати.

„Знаев дека ова ќе стане вирално“, „Колку е кул“, „Ја обожавам оваа жена“, „Ве молам гласајте за неа во финалето“, „Ти си супер“, „Каква кралица“, се само некои од коментарите под објавеното видео.

ФОТО: Јутјуб

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО