СРЕДБА ОСМАНИ – ТУРКОВИЌ

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денес, оствари средба со заменик претседавачот на Советот на министри и министер за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Бисера Турковиќ, која престојува во работна посета на Република Северна Македонија.

На средбата на двајцата министри беше изразено заемно задоволство за динамиката со која се развиваат односите и соработката меѓу Северна Македонија и Босна и Херцеговина, кои оваа година одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи. Беше изразена подготвеност за интензивирање на секторската соработка, пред сѐ на економската размена, која заостанува во однос на многу добрите политички односи.

Османи упати честитки за доделувањето на кандидатски статус на Босна и Херцеговина за членство во ЕУ, нагласувајќи дека тоа е позитивен сигнал во контекст на заокружувањето на европската иднина на регионот.

“Двете земји имаат јасна аспирација за членство во ЕУ, и минатата година постигнавме сериозен напредок – ние почнувајќи ги преговорите, а Босна и Херцеговина во добиениот кандидатски статус. Со оваа одлука се испраќа позитивен сигнал за кредибилна европска перспектива на сите земји од Западен Балкан и оттука истата има исклучително значење за стабилноста, просперитетот и европската иднина на целиот регион”, нагласи Османи, изразувајќи ја притоа подготвеноста на Северна Македонија да ѝ помогне на Босна и Херцеговина во нејзините Евро-Атлантски аспирации и реформите кои треба да ги спроведе.

ЕУ кандидатскиот статус за Босна и Херцеговина е јасна порака и во однос на сецесионистичките тенденции, со кои се загрозува суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина.

Како актуелен претседавач со САД – Јадранската повелба (А5), Северна Македонија работи на нов стратешки концепт на повелбата, кој треба да ја зајакне улогата на А5 во регионот, но и да ги приспособи неговите цели и мисии во согласност со новите безбедносни предизвици. Воедно двете земји ја реафирмираа политиката на отворени врати на А5 и идно проширување со нови земји-членки.

Османи ја запозна министерката Турковиќ и со приоритетите на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ.

„Како претседавач кој доаѓа од регионот, посебен фокус во нашата работа ќе имаат теренските мисии на ОБСЕ во Југоисточна Европа. Притоа, значајно внимание ќе биде посветено и на работата на Мисијата на ОБСЕ во БиХ“, додаде тој.

Се разговараше и за потребата од засилена координација, со што ќе се овозможи поадекватен одговор на современите предизвици, како енергетската криза, одржувањето на стабилноста и безбедноста на регионот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Гори меѓу Миладиновци и ОКТА

Центарот за управување со кризи информира дека вечерва во 19:05 часот на бројот 112 бил пријавен пожар помеѓу селото Миладиновци и рафинирија ОКТА во...

Ковачевски: Очекувам Бугарија да ги пронајде вандалите

Премиерот Димитар Ковачевски најостро го осудува вандалскиот чин, на каменување на македонскиот клуб „Никола Јонков Вапцаров” во Благоевград. Тој преку својот Фејсбук профил, порача...

ВМРО-ДПМНЕ го осуди демолирањето на македонскиот клуб

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува демолирањето на македонскиот клуб во Благоевград.„Вандализмот не е добрососедство и не може да биде. Негирањето на Македонија, но и на...

Moda

Тоа е најтренди боја на фармерки што ќе ја носиме во летото 2023 година

Сивите фармерки се дефинитивно крој во кој вреди да се инвестира ова лето. Широки сиви фармерки - тренд кој им ласка на сите типови на...

Како да купите нова облека, така што всушност ќе ја носите и нема да седи само во плакарот

Словенците никогаш не носат речиси третина од облеката што ја купуваме. Проверивме како да купиме нова облека, така што всушност ќе ја носиме и...

Уште една ќерка на познати родители е нова ѕвезда на модното небо

Изгледа како вчера – целата светска јавност зборуваше за необичниот избор на името на Гвинет Палтроу и Крис Мартин за нивното новороденче, Епл. Но, тоа...
spot_img
spot_img
spot_img