1.9 C
Ohrid
Monday, January 30, 2023

Средба на претседателот Пендаровски со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

На средбата беше разговарано за актуелните политички состојби во земјава и процесите поврзани со европските интеграции. Претседателката на Европската Комисија, Фон дер Лајен потврди дека со првата меѓувладина конференција којашто треба да се одржи набрзо, доколку биде прифатен предлогот за преговарачката рамка, започнуваат конкретните преговори и веднаш започнува скрининг процесот.

Исто така, со започнувањето на пристапните преговори со ЕУ, најбрзо што е можно ќе се пристапи кон потпишување на билатерални договори меѓу Северна Македонија и Европската Унија, на македонски јазик и на останатите службени јазици на Унијата.

Претседателот Пендаровски го реафирмираше ставот дека прифаќањето на францускиот предлог ќе овозможи деблокада на евроинтеграциите и отворање на првата фаза од пристапните преговори, што ќе претставува позитивен импулс за реформскиот процес и напредок на Северна Македонија.

Во тој контекст, претседателот Пендаровски потенцираше дека македонскиот јазик и идентитет мора да бидат почитувани и гарантирани од страна на Европската Унија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Потврдено обвинение за недозволено складирање на речиси 5 килограми злато и сребро

Судот на Босна и Херцеговина го потврди обвинението на Обвинителството на Босна и Херцеговина, кое го обвинува Драган Станковиќ дека како сопственик на деловната...

Од денес започнуваат интензивните преговори за формирање на ново владино мнозинство-„МИНИСТЕРСТВО ЗА БУРЕК“.

Арбен Таравари, новиот лидер на Алијанса за Албанците во Македонија, е јасен и гласен: „НЕ САКАМЕ МИНИСТЕРСТВО ЗА БУРЕК!“ Таравари со неговата АА влегува...

Стоилковски прашува дали мора да падне крв за да се реагира?

Стоилковски: Ново бегство од затворот „Скопје”, мора ли крв да падне како во Идризово за одговорност на Тупанчевски и Андов „Сокол”? Уште еден затвореник побегнал...
spot_img
spot_img
spot_img