26.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Средба на претседателот Пендаровски со хрватскиот претседател Милановиќ: Искрена и јасна хрватска поддршка за македонските евроинтеграции

НАЈЧИТАНО

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Вила Билјана“ во Охрид оствари средба со претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ.

 На средбата беше констатирано дека севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Република Хрватска се карактеризираат со отворен и пријателски дијалог на сите нивоа, без отворени прашања, со одлична соработка на регионален и мултилатерален план, со акцент на сојузништвото во НАТО.

 Двајцата претседатели разговараа за актуелните состојби поврзани со аспирациите на земјите од Западен Балкан за членство во Европската Унија, како и за економските предизвици предизвикани од руската инвазија врз Украина.

 Претседателот Пендаровски истакна дека Хрватска е еден од најголемите поддржувачи на нашата евроинтеграција и се заблагодари за искрената и јасна хрватска поддршка, при што двајцата претседатели порачаа дека деблокадата на Северна Македонија е предуслов за стабилноста на регионот и на Европа.

 На средбата стана збор и за положбата на македонската заедница во Хрватска и хрватската во Северна Македонија при што беше нагласено дека правата на малцинствата во двете земји се на високо ниво и беше изразена подготвеност за нивно дополнително унапредување.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО