24.9 C
Ohrid
Thursday, July 7, 2022

Средба на претседателот Пендаровски со Мајк Зафировски и претставници на „Македонија 2025“

НАЈЧИТАНО

Претседателот Пендаровски денеска го прими Мајк Зафировски, ко-основач на „Македонија 2025“, заедно со претставници на организацијата.

На средбата се разговараше за заклучоците и за првичните реакции од 11-то издание на самитот на „Македонија 2025“, на кое годинава во фокусот беа забрзаната дигитална трансформација, регионалната соработка и иновациите.

Претседателот Пендаровски му се заблагодари на Мајк Зафировски и на останатите членови на „Македонија 2025“ за нивниот ангажман за придонес кон македонската економија, поттикнувајќи нови генерации на бизнис лидери, неопходни за развојот и иднината на Северна Македонија.

Соговорниците на средбата изразија уверување дека „Македонија 2025“, заедно со државните институции, со граѓанскиот сектор, академската и бизнис заедница можат да придонесат за надминување на современите економски предизвици во нашата држава.

На средбата, претседателот Пендаровски му го врачи македонското државјанство на Мајк Зафировски. Зафировски е успешен светски бизнисмен, со македонско потекло кој живее и работи во САД. Заедно со други бизнисмени од дијаспората е основач на организацијата „Македонија 2025“, која има цел да го поттикнува економскиот развој и привлекувањето на странските инвеститори во Северна Македонија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО