4.9 C
Ohrid
Wednesday, February 1, 2023

Со победа над Аргентина, Македонија ќе оди во следната рунда

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Македонската ракометна репрезентација вечерва со почеток од 18 часот во „Таурон арена” во Краков ќе ја има последната шанса со победа над директниот конкурент Аргентина да обезбеди пласман во втората фаза на Светското првенство во Полска и Шведска.

Победата е единствена опцијата за македонските ракометари откако во двете воведни кола во рамки на групата Ф претрпеа убедливи порази со двоцифрена разлика од Норвешка (27-39) и Холандија (24-34).

Со триумф над Аргентина избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе го продолжат мундијалскиот настап во новоформираната група со Норвешка, Холандија, Германија, Србија и Катар, додека, нерешен резултат или пораз ќе ги однесе „црвено – жолтите” во т.н. „президент куп” во кои репрезентациите ќе разигруваат за пласман од 25. до 32. место.

Селекторот Лазаров на вчерашната прес – конференција нагласи дека со максимална концентрација и фокусираност Аргентина може да биде совладана.

– Дојдовме тука со цел да ја минеме првата фаза и утре е главната битка за нас со Аргентина. Станува збор за екстра квалитетен противник кој и вчера со Норвешка покажа дека игра цврст и добар ракомет. Сметам дека сме тука некаде со квалитетот, доколку сакаме да победиме мора да одиграме максимално во сите шеесет минути – изјави Лазаров.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

(ЕКСКЛУЗИВНО) Држи ли ЈО Охрид во Притвор невино лице за да се задоволи б’лгарската мегаломанија???

Христијан Пендик(ов), лице за еднократна употреба во б’лгарската мегаломанија, стана една од најозборуваните личности која служи за поткусурување на големобугарските аспирации кон Македонија. Но, што...

Покојниот крал на попот ќе го игра неговиот внук Џафар Џексон

Американскиот режисер Антоан Фуква го пронајде главниот актер за неговиот планиран филм за животот на поп ѕвездата Мајкл Џексон. Главната улога во филмот Мајкл...

Затворениците во САД ќе можат да си ја скратат казната со донирање органи

Затворениците во американската сојузна држава Масачусетс ќе можат да ги намалат затворските казни за најмалку два месеци доколку донираат коскена срж или органи. Доколку законот...
spot_img
spot_img
spot_img