26.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Со платежни картички лани се извршени 176 милиони плаќања

НАЈЧИТАНО

Бројот на плаќањата преку платежните сметки на корисниците на платежни услуги во државава во текот на 2021 година изнесувал 176 милиони, што е повеќе за 26,7 отсто од бројот на плаќањата во 2020 година, покажува статистиката на Народна банка. 

Лани според Централната банка е забележан висок годишен раст од 29,1 отсто на бројот на трансакциите со платежни картички, што придонесе за зголемување на нивното учество од 1,1 отсто во вкупниот број плаќања, коешто достигна 58,1 отсто.

– Истовремено, кредитните трансфери иницирани електронски забележаа годишен раст од 32,5 отсто, што придонесе за умерено зголемување на нивното учество (23,2 отсто) во вкупниот број плаќања, за сметка на намалувањето на учеството на кредитните трансфери иницирани на хартија, коишто учествуваат со 18,7 отсто во вкупниот број безготовински трансакции – велат од НБ.

Бројот на платежните картички на крајот од 2021 година изнесуваше 2,1 милион, при што картичките засновани на бесконтактна технологија коишто овозможуваат извршување брзи и ефикасни плаќања преовладуваа во вкупниот број платежни картички (68,3 отсто).

-Растот на бројот на контактно-бесконтакните картички беше проследен со истовремен раст на бројот на уредите за извршување бесконтактни плаќања, на уредите на физичките места на продажба коишто поддржуваат бесконтактни плаќања, раст на бројот на банкоматите со функција за депонирање готовина, како и на уредите за електронски трансфер на средства на физичките и виртуелните места на продажба, како поддршка на сѐ поголемата употреба на дигиталните бесконтактни плаќања во текот на пандемијата на ковид-19 – велат од НБ.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО